ДЕНЕС КАРОЛИНА ЌЕ БИДЕ КУМА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ана Шутиноска водителка и новинар од „Антена 5“ радио денес ќе се мажи за стоматологот Гордан Лазаревски.
Свадбата, вели Ана ќе биде интимна забава за најблиските пријатели и родинини, а поп-ѕвездата Каролина Гочева и нејзиниот сопруг Михаил Корубин ќе им бидат кумови.

 

Ана и Гордан со Каролина и со Михаил заедно го следеа концертот на Цукеро, летово во Охрид, а беа и на заеднички одмор на Миконос.
„ Гордан и Михаил се блиски другари уште од деца, а Каролина е моја драга пријателка и соработничка, и мило ми е што тие ни се кумови“, ни изјави Ана.

Каролина и Михаил, со Ана и со Гордан беа на заеднички одмор летово на грчкиот остров Миконос, а заедно го следеа и концертот на Цукеро, во јули во Охрид.

„ За музичкиот дел на свадбата ќе се погрижи мојот сограѓанин од Охрид, Ѓоко Танески, нема подобар од него. Се разбира, забавата не може да помине ниту без моите колеги, диџеите од „Антена 5“ радио“, додаде Ана.

Таа и Гордан се заедно една година, а се свршија во јануари кога Гордан ја побара за жена на семеен ручек.

Убавиот момент се случи многу спонтано“, изјави Ана тогаш за Женски магазин. Убавата вест, на својот Фејсбук профил на објави и музичарот и диригент Љупчо Мирковски, чиј внук е младоженецот.

Шармантната охриѓанка е дел од тимот на „Антена 5“ од неговото основање ги покрива многуте светски музички настани кои радиото ги следи изминативе години. Таа ги буди своите слушатели секој работен ден од 9 до 10 часот во емисијата „Започни го денот со „Антена 5“. Од 10 до 11 часот, заедно со колешката Дени Станоевска-Џидрова чија кума е, Ана продолжува во емисијата „Светот на музиката со Ана и Дени“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This