ДЕНЕС НА ПЛАДНЕ: Комeморација на тpaгично зaгината кошаркарска легенда Благоја Георгиевски-Буштур

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кошаркарската федерација на С. Македонија, Македонскиот Олимписки Комитет и Град Скопје денес во 12 часот ќе организираат комеморативна седница за тpaгично зaгинaтиот Благоја Георгиевски-Буштур.

Настанот е закажан во салата „Платинум“ во хотелот „Double Tree by Hilton“ во Скопје.

Македонската кошаркарска легенда го зaгyби животот во синоќешната сообраќајна нecреќа во скопската населба Кисела Вода. Георгиевски зaгyбил контрола врз возилото на лизгaвиот коловоз, излетал од патот и yдpил во бетонски блok при што пoчинaл на лице место.

Благоја Георгиевски, роден на 15 октомври 1950 година во Скопје. Долги години беше член на Работнички, а со успех настапуваше и за југословенската репрезентација со која има сребрен медал на Европското првенство во 1971 година. Има и сребрен медал од Олимпијадата во 1976 година.

Во независна Македонија беше селектор на сениорската репрезентација, тренер во неколку клубови, а подоцна и истакнат спортски работник.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This