ДЕНЕС НАПЛАДНЕ ПРОДОЛЖУВА КООРДИНАТИВНАТА СРЕДБА: Се очекува избор на Претседател на Комисијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието на Република Македонија денеска напладне треба да продолжи координативна средба на парламентарните групи за утврдување на предлог составот на комисијата  за прашања на изборите и именувањата, што е предуслов за закажување продолжение на Конститутивната собраниска седница.

Zgrada-na-Sobranieto

На координацијата се очекува да продолжат разговорите за избор на претседател на комисијата за избори и именувања, за што на вчерашната седница не беше постигнат договор. Во комисијата за избори и именувања, како што беше утврдено на почетокот на координацијата, ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ пет, а ДУИ и Беса ќе бидат застапени со по еден чен.

По вчерашната координација Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека досегашната пракса на работа нa Собранието на Република Македонија во последните 25 години говори оти претседател на Комисијата за избори и именувања секогаш е од најголемата пратеничка група.

– Претседателското место во Комисијата секогаш без исклучок припаѓа на најголемата пратеничка група. Спремни сме ако има договор уште утре да ги тераме следните постапки и процедури во работата на Собранието, изјави Димовски.

Оливер Спасовски од СДСМ, пак, оцени дека ВМРО-ДПМНЕ спротивно на сите демократски принципи ги узурпира институциите во Република Македонија и не сака заради лични и теснопартиски интереси да функционира Собранието.

Спасовски рече дека спротивно на Деловникот Трајко Вељаноски побарал да се достави писмено барање со 61 потпис за да продолжи конститутивната седница на Собранието.

– Доставивме 67 потписи, а веднаш потоа излезе ново барање на ВМРО-ДПМНЕ дека мора да имаат шест членови во Комисијата за избори и именувања врз основа на застапеноста во Собранието. И тоа им го прифативме, а потоа поставија нов услов. Сега бараат и претседателот на Комисијата да биде од ВМРО-ДПМНЕ и најавуваат дека ако тоа не се случи, нема да продолжи конститутивната седница на Собранието, рече Спасовски, посочувајќи дека Собранието одлучува кој ќе биде претседател, заменик претседател, членови и заменици членови на Комисијата

Според Деловникот на Собранието, Комисијата за прашања на изборите и именувањата се избира на конститутивната седница на Парламентот на предлог на најмалку 10 пратеници, а нејзиниот состав треба да обезбеди соодветна застапеност на пратениците од политичките партии застапени во Собранието. Оваа Комисија или најмалку 20 пратеници може да предложат кандидат за претседател на Собранието, а предлагач може да биде и пратеник.

Конститутивната седница на Собранието почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината сооглед дека не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This