ДЕНЕС ПАРТИЈАТА НА ЗАЕВ СЕ ПОКЛОНИ ПРЕД БОРЦИТЕ НА УЧК: СДС го славеше денот на паднатите борци на УЧК во Арачиново!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На официјалната страна на СДСМ Арачиново може да се забележат фотографии од одбележувањето на манифестацијата ,,Јануарски Огнови’’, манифестација посветена на паднатите борци од селото. На фотографиите е и градоначалничката од редовите на СДСМ на Арачиново Миликије Халими.

Меѓу лајковите на фотографиите може да се забележи и лајк од страна на зад граничниот комитет на СДСМ во Равена, Италија.

Настанот е пренесен и од официјалната страна на Општина Арачиново, на кое се наоѓа и соопштение за настанот. Соопштението гласи:

-Во говорот одржан пред Општината Градоначалничката Миликие Халими денеска кажа дека ние сме тука благодарение на паднатите херои кои го дадоа својот живот и придонес за албанската земја и албанскиот народ. Во јануари Baрдош и Јусуф Грвала како и Кадри Зека беа оние кои ги дадоа своите животи за посветла иднина, но и покрај тоа тие не се меѓу нас, нивниот идеал да не се заборави, напротив, да биде материјализиран од страна на младите, кои со упорност го бараа албанското решение во немирниот Балкан. Таа вели дека се чувствува горда на семејствата кои создадоа борци за слобода кои сега почиваат на гробиштата во Арачиново. Таа, исто така, го спомна и нејзиниот школски другар Музафер Агуши со кого заедно следеа настава во Арачиново, каде што тој го даде својот живот за слободата што сега ја уживаме, а Миликије Халими ја ужива својата функција како Градоначалничка на нашата Општина. Паднатите борци не припаѓаат само на семејствата во кои се родени и израснати, паднатите борци не припаѓаат само на селото од кое доаѓаат, паднатите борци му припаѓаат на албанскиот народ и ние сме горди на нив. Паднатите борци треба да ги спомнуваме не само во спомен говори, туку и со дела со кои ќе придонесеме за благосостојбата на нашиот народ да ги почестиме образованите млади и да имаме подобра иднина, на тој начин, само така ќе ги спомнуваме и идеализираме целите на паднатите борци во јануари.

 

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This