ДЕНЕС ПОЧНУВА ПРЕДАВСТВОТО НА МАКЕДОНИЈА: Денес се потпишува Предавничкиот Договор во 13.35

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заев и неговата Влада денес на големо се подготвуваат за  да ја пречекаат високата и бројна бугарска делегација со сите државни и воени почести.

Премиерот Бојко Борисов доаѓа во Македонија на чело на големата делегациј,а а со нив пристигнуваат и новинари од 30 бугарски медиуми. Извор во Владата вели дека се најавени и новинари од други земји бидејќи настанот буди интерес и во регионот и во Европа.

Бугарската делегација пристигнува на аеродромот во Скопје денес во 11.3о. Следи официјалната церемонија за добредојде, со највисоки државни и воени почести на платото пред Владата во 12.15

Потпишувањето на Предавничкиот Договор е закажано за 13.35 денес, на 1 август.

Утре 2 Август, е планирано заедничкото чествување на националниот празник Илинден во црквата Свети Спас во Скопје  Во 8 часот наутро  Зоран Заев ќе има изјава на плоштадот пред црквата Свети Спас.

Потоа,Заев и Борисов ќе положат венци свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев .

Заев и Борисов денес во 12.30 ќе се видат во четири очи а другите министри ќе имаат, во текот на денот, билатерални средби со нивните бугарски колеги.

Предвидени се средби на министерот за транспорт Горан Сугарески со неговиот бугарски колега Ивајло Московски, средба министерот за економија Крешник Бектеши со министерката за енергетика Теменужка Петкова, средба на министерката за одбрана Радмила Шекеринска со нејзиниот колега Красимир Каракачанов како и средба на министерот за надворешни работи Никола Димитров со заменик премиерот за правни реформи и министер за надворешни работи Екатерина Захариева.

Борисов потоа ќе се сретне со Талат Џафери и претседателот на државата Ѓорге Иванов.

 

12 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This