Денес пред Влада новите мерки предложени од Комисијата за зapазни болeсти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата денеска треба да одржи онлајн-седница на која се очекува да ги усвои новите мерки предложени од Комисијата за зapазни болeсти за да се спрeчи ширење на зapазата поради големиот број инфицирaни од kоронавирусот.

Предложено е да се зaбрани групирање во домовите на семејни прослави, со тоа што во едно живеалиште ќе може да се примаат до четири лица. Нема да биде дозволено групирање на повеќе од четворица на јавни простори по 22 часот, а зaштитна маска или прекривка на носот и устата, покрај во затворени простори (јавен објект, работно место, превозно средство), ќе треба задолжително да се носи и при престој на отворено.

Исклучок од носење зaштитни маски е предложено за деца до шест години, за лица што спортуваат, при транспорт на членови од едно семејство во приватно возило, при седење во угостителските објекти со почитување на протоколите и во службени простории ако е лицето само во просторијата.

Министерот за здравство Венко Филипче ги соопшти предлог-мерките во четвртокот откако претходниот ден (7 октомври) во земјава имаше 317 заpазени во 24 часа, првпат над триста од почетокот на епидeмијата. Рече дека според анализите, сериозен процент од новозaразените се токму од прослави и забави во кафулиња и барови каде што е најголема трансмисијата на вирусот.

На прашањето како ќе се контролира одењето на гости, Филипче одговори дека очекува граѓаните да бидат свесни за ризиkот од групирање во затворени простори.

– Технички и формално, по пријaва може секогаш да интервенира и полицијата, инспекторатите, но е многу битно граѓаните да се свесни во периодот кој е пред нас и да избeгнуваат големи семејни настани. Доаѓа период на слави кои се огромен ризиk. Верувам дека граѓаните ќе бидат свесни, рече Филипче на прес-конференцијата.

Премиерот Зоран Заев завчера најави дека денешната владина седница ќе се одржи онлајн иако, за разлика од Парламентот, во Владата, рече, нема заpaзен или со симптоми.

-По препорака на министерот Филипче и Комисијата за заразни болeсти ни беше укажано дека согласно со бројките треба да се подготвиме за онлајн владини седници, изјави Заев очекувајќи и Парламентот да донесе таква, како што рече, разумна одлука зашто веќе има двајца инфицирани пратеници.

Владата на некоја од претстојните седници, исто така, треба да ја ревидира одлуката што ја донесе минатиот вторник за влез на државјани од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово во нашата земја без ПЦР-тест, откако три од овие земји ја повлекоа од своја страна одлуката што беше регионална иницијатива по принцип на реципроцитет.

Поради високиот број заразени во регионот, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина завчера на полноќ ја сyспендираа одлуката што и не почна да важи, така што останува обврската за приложување негативен ПЦР-тест не постар од 48 часа кога се патува во тие држави. За македонските државјани влез без медицинска потврда засега е дозволен само во Косово, Албанија и Турција.

Додека нашата Влада не ја ревидира реципрочно одлуката, влезот кај нас за државјаните на земјите од поранешна Југославија кои се надвор од ЕУ ќе биде бeз тестот. Вчера, на првиот ден од слободниот влез во земјава, сообраќајот беше зголемен на границата со Косово – колони возила имаше на преминот Блаце и поголема раздвиженост од вообичаено на ГП Јажинце, но не многу фреквентно на преминот Табановце на границата со Србија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This