April 26, 2024, 10:29 pm

ДЕНЕС: Седница на ДИК за локалните избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ќе одржи седница на која ќе бидат разгледани неколку одлуки и извештаи во врска со локалните избори закажани за 15 октомври.

На дневен ред се барања за акредитации за меѓународни набљудувачи, одлука за објавување на описите на избирачките места, одлука за ангажирање на помошно тело, извештај за Избирачкиот список по завршениот јавен увид, поништување на одлуката за избор на економски оператор за печатење на Избирачкиот список и извештај за рекламни паноа и билборди и случаен избор за распределба на рекламните паноа и билборди.

ДИК вчера ги повика понудувачите и партиите да присуствуваат на жребувањето на кое ќе се распоредат локациите на рекламните паноа и билборди за политичко рекламирање.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This