Денес седници на неколку собраниски комисии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Собранието на Република Македонија денеска се закажани седници на неколку собраниски комисии.

Според информациите на веб страницата на Собранието, најавени се седници на Комисијата за транспорт, врски и екологија, на Комисијата за финансирање и буџет, на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно – правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се предлог-измените на Законот за судски такси и на Законот за заштита на укажувачи, двата во второ читање.

Комисијата за финансирање и буџет ќе треба да расправа по Предлог-одлуката за одржување на надзорна рaсправа за утврдување на причините и извршувањето на законите во постапката за доведување до стечај на „Еуростандард банка“. На дневен ред на оваа комисија се и годишните извештаи на Комисијата за хартии од вредност и на Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледа измените на Законот за интероперабилност во железничкиот систем и на Законот за жичари и ски-лифтови, двата во прво читање, како и измените на Законот за автокампови и на Законот за скијалишта, двата во второ читање.

Законодавно-правната комисија ќе расправа по законите кои се на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Комисијата за транспорт, врски и екологија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This