ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ден на македонската револуционерна борба — државен празник кој се празнува на 23 октомври во Република Македонија. Празникот се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници. Денот е неработен.


Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун. Имено, на 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност. Во Република Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По тој повод, владина делегација предводена од министерот без ресор за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија Зоран Шапуриќ ќе положи цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Делегација на Собранието на Република Македонија, предводена од потпретседателката Фросина Ташевска-Ременски, а во состав Диме Велковски и Жаклина Пешевска, ќе положи венец свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот Парк во Скопје.

Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This