Денес се слави Преподобен Сисој Велики – 3aштитникот на децата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес по новиот календар се прославува Преподобен Сисој Велики – заштитник на децата и брз помошник во секоја т ага и неволја.

Ако на овој празник врне, се верува дека децата треба да се пуштат надвор да се натопат на дождот, бидејќи тоа е водата која ја испраќа Свети Сисој за здравје и благосостојба. Децата кои ќе се натопат на овој дожд ќе растат најдобро и најздраво.

Родум Мисирец и ученик на Св. Антониј. После с мртта на својот голем учител Св. Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител.

Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да ис целува болни, да изго-нува д емони и да воскреснува мрт-ви.

Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука.

Најголемиот број обичаи врзани за Свети Сисој кои се почитуваат се врзани за децата. Многу мајки постат седум дена пред овој празник за да се причестат, а се верува дека така децата ќе бидат здрави и дека во животот ќе ги следи среќа.

Ако на овој празник врне, треба да ги пуштите децата надвор добро да искиснат. Во некои краишта е сочувано верувањето дека тоа е водата која Свети Сисој им ја испраќа од небото и дека така најдобро и најздраво ќе пораснат.

Постарите велат дека Свети Сисој е нјголемиот прого-нувач на сите ѓ аволи кои ги напаѓаат децата, па се верува дека на овој ден децата може да останат надвор и навечер, бидејќи д емоните ќе избегаат и ќе се сокријат.

Преподобен Сисој Велики

Родум Египќанин и ученик на свети Антониј. После с мртта на својот голем учител свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител.

Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да ис-целува болни, да изго-нува д емони и да воскреснува мрт-ви.

Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жи-ва мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред с мртта лицето му заблеска како сонце.

Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти ду-шата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година.

Ги учеше свети Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови.

Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Еден монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со пла ч и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“.

Друг монах го запраша авва Сисој: „Како да го достигнам смирението?“ Му одговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“.

Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето. Му одговорил светителот: „Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This