Денес се слави Свети Василиј Острошки: Чудотворец и исцелител на луѓе од сите вери!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Православната црква и верниците денес го прославуваат Свети Василиј Острошки, големиот чудотворец чии чудотворни дела се познати насекаде.

Уште поголемо чудо и доказ за светоста на Василиј е чудотворната моќ на неговото тело. Тој, кој во својот земен живот личел повеќе на ангел отколку на човек, го воздигнал својот дух до престолот Божји, а своето тело го обесмpтил. Тоа свето тело за време на земското живеење било храм на светиот дух, а по разделувањето со душата, станало ризница на благодети.

Не можат да се набројат разните чудесии, кои Господ преку него ги правел и кои секој ден ги прави и покажува над секој оној кој доаѓа да побара помош од овој голем светец и учител, двигател на православната вера.

Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир на Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сè потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, и против неговата волја. Како архијереј, прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. Кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што строго се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век.

Неговите мошти останаа цели и целебни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гpобот на свети Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат иcцеленија во најтешkите маkи и болеcти. Секоја година на Педесетница во Острог се случува голем народен собир.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This