ДЕНЕС СЕ СЛАВИ ЦРН ЈУБИЛЕЈ: 75 дена од владеењето на најненародната влада на Македонија која ги исфрли од употреба зборовите „Македонски народ“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– Денеска, Република Македонија слави црн јубилеј: 75 дена од владеењето на најненародната Влада на Македонија во поновата историја. Ниту една влада досега не и направила толку зло на државата како што успеа оваа. СДСМ на чело со Зоран Заев за само 2,5 месеци успеа да ги исфрли од употреба зборовите „македонски народ“.

За нив тој како да не постои!? – велат од ГРОМ

 

Работата на седумдесет и петте денови, нова Влада на Република Македонија, предводена  од страна на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, беше повод  денеска од партиското седиште, претседателот на Граѓанската опција за Македонија, да даде изјава за медиумите. Јакимовски потенцираше дека Македонија слави црн јубилеј од 75 дена од владеењето на најненародната Влада на Република Македонија во  поновата историја.

-Ниту една Влада на РМ, не направила толку зло на државата како што успеа оваа. СДСМ на чело со Зоран Заев за само два и пол месеци успеа да ги исфрли од употреба зборовите „ македонски народ“ и  з а нив тој како да не постои? За жал, овие луѓе од нас Македонците за само 75 дена направија најпонижен народ. СДСМ, Заев и нивната петта колона, го толчат македонскиот народ со закани, меѓународни договори, и како малку да им беше контроверзниот  договорот со Бугарија , сега носат  стратегија за бегалците со која сакаат да не докусурат, дециден беше лидерот на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

Со оваа стратегија, покрај тоа што на бегалците ќе им дадат станови, ќе ги образуваат и ќе ги вработуваат со наши пари , тие и бројчано ќе не анулираат, продолжи Јакимовски. Покрај сето ова, тие на бегалците ќе им дадат право на глас, а истиот тој СДСМ, беше против да гласаат Македонците од дијаспората.

-Ние од ГРОМ и пред две години, и сега сме во право кога велевме дека се прави обид да се воспостави  марионетска Влада во Република Македонија.  Гледаме дека денеска таа функционира.  Тие што се бореа против наводниот режим, сега сакаме јавно да ги прашаме:  Дали е ова  тоа за кое тие се бореа, ова што сега го  прави СДСМ,  запраша на крајот  од своето обраќање до медиумите ,  првиот човек на ГРОМ Стевчо Јакимовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This