Денес Симона ќе полнеше 24 години: Наместо да се радуваме, ние ќе тагуваме на нејзиниот гроб, тpaоpно сведоштво за млад живот кој згacна поради коpoната

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

28 јули. Обичен ден како и сите останати во годината. Но, за Сашо Ангелeски, новинар во Вториот програмски сервис на Македонскот радио-Радио 2 и неговата сопруга 28 јули 1997 година, бил најпрекрасниот ден. Им се родило првото чедо, ќерката Симона. Нивниот дом бил исполнет со среќа, на нивните лица биле видливи солзи радосници, пренесува Женски МАгазин.

Денеска, точно после 24 години, во нивниот дом се присутни тишината и тагата. А на нивните лица солзи проткаени со голема болка. Симона, веќе ја нема. Почина пред четири месеци, од последици на коронавирусот. Но, според Ангелески, неговата ќерка починала поради неажурноста и нестручноста на доктрите.

– Наместо да се радуваме, ќе тагуваме на нејзиниот гроб. Денеска требаше да ја бакнам и да и кажам „Срекен роденден, принцезо моја“. Да и подготвиме изненадување, со сопругата, помалата ќерка Ивона и кучето Сторми. Денеска, по традиција, требаше да ги викнеме нашите најблиски на торта. Можеби ќе го славевме и нејзиното дипломорање. Така беше планот. Ништо не зборуваме. Не гушат солзи. Боли, премногу боли. Секој ден наутро и навечер одиме на нејзиниот гроб. Премногу ни недостасува. Дури и на нејзиното куче, кое постојано чека да се врати дома и да го погали. Легнува на нејзиниот кревет, а по лицето му се леат солзи како на човек. Ни ја скратија радоста – вели Ангелески на почетокот од нашиот разговор.

Симона била ведра и насмеана млада девојка. Никогаш не знаела да каже не. Во секој момент била подготвена да помогне.

– Беше послушна и со големо чувство на одговорност. Амбициозна и исполнителна, особини со кои успеа да се вработи во Скопска Пивара. Студираше на Економски факултет, насока сметководство и ревизија. Беше пример за вредностите кои во оваа земја ги нема – открива тој.

Матичната докторка не одговараше на повиците

Недела навечер,14 Март. Симона се пожалила на главоболка. Измерила температура, имала 37,1.

– Ја побаравме нејзината матична докторка, ,на којашто не сакам ни името да и го спомнам.И покрај нашата упорност, таа не се јави. Утредента, наутро откако и закажаа термин од Скопска Пивара, отидовме во Систина да направи ковид тест. На пат кон дома поминавме кај матичната да ја прегледа и да ни даде терапија. На мое големо изненадување, таа не сакаше да го стори тоа. Со пациентите разговараше преку прозорец..И покрај тоа што инсистирав да ја прегледа, таа не прифати. На моето прашање зошто не се јавува кога ја бараме, таа дрско ми одговори „И јас си имам свое приватно време и немам намера да одговарам на телефонски повици“. Во време на корона кога имаше обврска да е достапна 24 часа, таа беше дрска и неколтурна – појаснува Сашо.

Вечерта стигнал резултатот од тестот. Кога слушнала дека е позитивна, Симона почнала да плаче, од страв да не ги зарази и останатите од семејството. Се јавиле кај матичната, бил достапна, бидејќи веќе ги добила резултатите. Препишала терапија за лекување.

– Ивона, помалата ќерка не сакаше да ја остави Симона сама во соба. Сакаше да и помага побрзо да оздрави. Исто и мојата сопруга, беше цело време покрај неа за да ја храни, масира и да и прави третмани. Како резултат на тоа и двете се разболеа од ковид. Утредента после договорен термин преку Одговорната Компанија Фитофарм каде што работи мојата сопруга, ги однесов да се тестираат.Тестот и за двете беше позитивен.Наредниот ден, беше вторник, успеав преку наши роднини да договорам да им се направат лабараториски испитувања во Поликлиниката Јане Сандански..Отидов кај матичната, но таа не сакаше да ми даде упат, со изговор дека е рано и не може ние кога сакаме да правиме лабораторија. По долго убедување и расправии конечно ми даде упат. Во средата навечер стигнаа резултатите на Симона. Дидимерите беа покачени на 1750 – го појаснува Ангелeски текот на состојбата на неговата ќерка и дополнува дека во консултации со стручна матична докторка, почнале со аплицирање на клексан.

– Се јавивме кај сите роднини и пријатели да го најдеме лекот. Замислете, во време на пандемија немаше клексан и покрај тоа што сами си го плаќаме. Замислете каков е нашиот здраствен систем. Најдовме замена на лекот. Но, морав да се консултирам со матичната на Симона, дали лекот е во ред. Таа повторно не одговараше на повиците. Со „тешки“ врски успеавме да најдеме клексан. Уште вечерта наша сосетка која е медицинско лице и ја внесе првата доза. Наместо преку матичната докторка, со роднински врски договорив рентгенско снимање во Поликлиниката Јане Сандански. Матичната докторка требаше да прати само упат до Поликлинаката.И тоа не сакаше да го направи со образложение дека е многу рано за рентген. Ми рече „ Се слушам со Симонче, таа е супер. Ќе направиме рентген после понеделник, сега уште е рано“ . Докторката мислеше на понеделник, 22 март, а Симона почина еден ден подоцна, на 23 март. Матичната докторка била подготвена само ако се влоши состојбата да и даде упат на Симона за Градска општа болница „8 септември“, кој тогаш беше Ковид центар, а пациентите ги примаа без упат – со тага и со лутина раскажува Сашо.

Ја префрлаа од клиника на клиника

Во меѓувреме состојбата на Симона била стабилна и се чувствувала добро. Сепак Ангелeски на 20 март решил да ја однесе на контрола во „8 септември“. Тогаш првпат ја прегледал доктор, откако била позитивна. И направиле рентген снимка и лабораториски испитувања.

– Додека чекавме резултати по предлог на докторката и со образложение да ја освежи Симона, иако немаше проблем со дишењето, ја ставија на кислородна поддршка. Водејќи се по начелото дека сме во стручна институција и кај стручни лица го почитувавме тоа. По два часа докторката нé повика со сопругата и на наше големо изненадување нé информираше дека Симона мора да остане во болница. Во тој шок момент за нас, не знаев како да реагирам. Симона беше во одлична состојба, сама си дишеше, немаше респираторен ниту каков друг проблем. На прашањето зошто треба да остане кога е во одлична состојба, го добив одговорот: „Во право сте, девојкава е во супер состојба, но резултатите не ми се допаѓаат. Ќе ја задржиме неколку дена со цел да и се подобрат.“ –открива Ангелeски и додава дека нивната агонија тука не застанала, бидејќи немало слободен кревет, а апаратот за мерење сатурација бил неисправен.

– Донесоа друг апарат. Сатурацијата на Симона беше 98%. Дотрча докторката и еуфорично, како да добила на лото, не извести дека нашла слободен кревет и со возило на Брза помош ќе ја префрлат на Клиниката за неврологија. На мојата реакција зошто таму, одговорот беше дека и тоа е Ковид центар. Повторно останав нем, но предлогот на стручно лице ме натера да прифатам. Надвор врнеше снег помешан со дожд, а мојата сопруга и Симона ги внесоа во ладно како фрижидер амбулантно возило. Ова го дознав подоцна, во спротивно немаше да дозволам да влезат во него. Се вратив дома да земам потребна облека за Симона и отидов на Клиниката за неврологија. Не беа таму. Се слушнав со Симона и ми рече дека е на Клиника за кожни болести. Останав скаменет. Ми појаснија дека некој друг пациент дошол претходно и го сместиле во тој кревет. Отидов на Клиниката за кожни болести, го прашав дежутрниот доктор за состојбата на Симона. Ми објасни дека не е ништо страшно и дека тој веднаш ќе ја покрие со терапија за три дена. Повторно верував во белиот мантил – вели Сашо.

За нас нема повеќе ниту празник, ниту радост

Утредента прво се слушнале, а потоа се виделе со Симона. Тоа била нивната последна средба.

– Разговаравме, се смеевме, ни рече дека одлично се чувствува. На заминување помалата ќерка Ивона и рече: „Мони, ај појави се на прозор да знам која ти е собата„. Се појави на прозорецот ни мафташе. Ние и возвративме со солзи во очите – вели тој и појаснува дека додека била во болница контактирале преку видео повик , но нему му било најбитно да се информира за резултатите на Симона.

– Звонев на телефонскиот број што ми го дадоа за информации. Никој не се јавуваше. Ако некој дигнеше слушалка, тоа беше од помошниот персонал и не можеше да даде никаква инфомација. Конечно околу пладне го добив дежурниот доктор, кој не смееше да се претстави со име и презиме. Ме информираше дека Симона е во добра состојба, стабилна е, сатурацијата и е 97 и прима редовно терпаијата. Вечерта околу 21 часот ми звонеше непознат број, Се јавив, а од другата страна женски глас. Се претстави како дежурен пулмолог и ми рече: „Не може младо девојче да го третираме на Клиниката за кожни болести, немаме ниту соодветни медикаменти, ниту пак апаратура за лечење. Се слушнав со директорите од ковид центриите и се испокарав и успеав да најдат кревет на Инфективна клиника. Ние овде се менуваме на секои пет дена и секој си дава терапија по негово. Кога ќе дојдам на работа, од каде да знам кој што давал и како ја лечел “ Останав нем и се повеќе убеден ова е вистината за здравство на Р. Северна Македонија – заклучува Сашо.

Извор: Женски Магазин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This