March 29, 2024, 12:34 pm

Денес сончево време, снег во петок и сабота, од недела пораст на температурите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Утринската температура ќе се движи од минус еден до три степени, а дневната температура од пет до 15 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус три степени, а дневната температура до 11 степени.

Под влијание на влажен бран во петок ќе има пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Од вечерните часови услови за повремен снег ќе има и на повисоките места. Преку ноќта и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер. Од недела дневните температури ќе бидат во пораст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This