ДЕНЕС: Сончево и студено, најниска температура во Берово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија утринава е сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Најстудено е во Берово со -9 степени, a во Куманово, Струмица, Демир Капија и Битола е измерена температура од -8.

133491298-94077

Во Петровец Скопје утринава е измерена температура од -7 степени, во Дебар и Штип  -6, Маврово, Тетово и Скопје Зајчев Рид – 5, Пожаране, Лазарополе, Гевгелија, Ѓуриште, Крива Паланка, Прилеп и Крушево -4, Претор -3, Охрид и Тополчани -2 и Виница -1. Единствено во Дојран е измерена температура од нула степени.

Денеска се очекува максималната температура да достигне од 3 до 9 степени.

Управата за хидрометеролошки работи за утре најавува сончево време, а во западните делови со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти меѓу -14 и -6, а дневната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во следните денови под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето и понатаму ќе биде стабилно и суво. Утрата ќе бидат ведри и студени со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку ден ќе биде претежно сончево, а зголемена облачност ќе има во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This