ДЕНЕС OTПУШTИB СЕДУМ ВРАБОТЕНИ: Стопанствениците cвeдoчaт за економскиот пpoпacт во кој зaпaѓa државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Економските мерки на Владата со кои се ветуваа мерки за спас на микро, малите и средните претпријатија не даваат резултати, а оние кои се уште се надеваат сметаат дека поради задоцнетите мерки ќе пртрпат големи штети

Помош, во форма на кредити без камата кои по завршување на кризата стопанствениците ќе мораат да ги враќаат во буџетот се засега единствена „мерка“ за спас на претпријатијата.

Но и овие мерки се нефункционални и дополнително ја влошуваат состојбата, особено по се погласните реакции на стопанствениците.

Денес, од Здружението на угостители соопштија дека мерките на владата се недоволни и дека тие нема да ги користат, а за сметка на тоа, тие веќе ги отпуштиле вработените кои сега ќе можат да бидат под директна заштита на државата.

На социјалните мрежи реагираат и сопствениците на микро-претпријатијата. Таков е и Никола Маленко, кој ја затворил вратата на својата игротека во која биле вработени седум лица. Седум семејства кои се прехранувале од таа плата.

Сакам да изразам револт, личен, взаемен, фамилијарен, за кој знам дека и доста од Вас мои пријатели е личен став и ги руши и Вашите животни столбови. Имено, после мои 21-на година работа во приватниот сектор, ова што сега се случува, никогаш се нема случено. Иако имав голема надеж и желба дека “вештачково чудо од (као демек) вирус” ќе заврши час поскоро, а со клуч на врата од 09-ти март 2020 и први на удар, до денешен ден смогнував сили и се акав по институции за да не одјавам ниту еден од вработените во нашата игротека. Денес дојде денот кога тоа ќе мора да се стори, загубите се огромни а помошта нема да стигне ниту како субвенција ниту како безкаматно кредитирање. Вратите за микропретпријатијата се затворени. Повторно се дава помош само на оние што имаат милиони, а на цедило се оставаат огромен број микробизниси кои повеќе допринесуваат за стопанството во Македонија отколку милионерите. Фактот што ГЛОБАЛИЗМОТ се “тера на голема врата” се потврди овој период. Да поедноставам, ќе бидеме робови на сите што имаат пари. Толку едноставно е. Да биде трагедијата поголема е тоа што јас а верувам и многу од Вас својот досегашен работен век го “терате” сами низ приватната призма во лавиринти и безброј голготи за парче леб за Вас и за семејствата на оние кои работат за Вас и Нас. Цел живот ја “раниме” државата за “земај плата-клати врата”. И тоа сеуште трае. Јас бев приморан да ја затворам вратата на својата фирма и да опнам клуч со 7 вработени, не по моја вина, ами по вина на неспособните кои ја водат државава во финансиски амбис. Но, кога човек ќе ја види глобалната слика, неспособниве работат на повик и така им е’ и кажано, кого и како ќе кредитираат и помагаат а кого не. Сликата многу брзо ќе се смени, а мојата огромна желба е да на своја кожа “напиканите административци” ја почувствуваат голготата која ние ја поминуваме веќе трета деценија. Од неспособниве нема леб секако, па уште и фирмарина бараат. 😆Глобализмот да Ви се удри во глава час поскороооо!!! МРШШШ!!! 😡 – пишува Маленко.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This