ДЕНКО МАЛЕВСКИ ОД СДСМ, ПРОТИВ ЗАЕВ: Екс-министерот на СДС се противи на договорот со Бугарија кој Заев го договори со Борисов!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ексминистерот на СДСМ, професорот Денко Малески, се спротистави на потпишувањето на договорот со Бугарија кој, како што најавија Зоран Заев и неговиот бугарски колега, Бојко Борисов, ќе биде потпишан на заедничка прослава на Илинден, пренесува Република.


-Имам разбирање и симпатии за напорите на новата влада. Доведена во една невозможна ситуација преку брзи демократски реформи да бара излез од заробената држава, таа прави очајнички обид и за брз успех на меѓународен план, со што би ни се отвориле вратите кон евро-атлантските интеграции. Сега, откога Грција ни го сврте грбот и си го повтори своето, сите надежи се во договорот со Бугарија кој, велат двете страни, би требало да се потпише на Илинден. Каков ќе биде договорот? Зборот „асиметричен “, кој се почесто се слуша, треба да значи дека двете држави, во најмала рака, ќе ја слават заедничката историја повеќе одошто македонската национална посебност. Тоа, се разбира, ќе има последици не само дома, туку и надвор. Ќе ги усложни нашите односи со старите балкански ривали, Грција и Србија, кои исплашени дека, преку ширењето на бугарското влијание во Македонија, бугарско-македонското тркало на историјата може да почне да се врти назад кон минатото, ќе ги заострат своите политики кон нашата држава – пишува Денко Малески во неговата колумна насловена Ќе го почнеме ли стратешкиот дијалог со самите себе?,објавена на Плусинфо.

Тој нагласува дека уште поважно е што потпишувањето на таков договор нема да ја отклони грчката блокада за членство во НАТО и во ЕУ, туку ќе ја засили.

–Се разбира, постои и опцијата која своевремено ја соопшти Самарас дека и обединувањето на Македонија со Бугарија нема да ја загрози супериорната позиција на Грција на Балканот. Имено, дека и таа опција е поприфатлива од постоењето на самостојна држава која што полага право на античка Македонија – коментира професорот Малески.

Според него македонската формула е комплицирана:

-Комплицирана е македонската формула. Ех, кога би можеле некако да се најдеме во НАТО и во ЕУ и да се ослободиме од вртлозите на балканските политики. За жал патот води преку вртлозите. Можен ли е сериозен општествен и политички дијалог за тоа како да ги избегнеме? Се чини, засега, не.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This