ДЕНКО МАЛЕСКИ ПОЧЕСТЕН ОД ПРЕДЛОГОТ НА АЛИ АХМЕТИ ДА БИДЕ КОНСЕНЗУАЛЕН ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ: На Малески му се допаѓала идеата на Али Ахмети

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Универзитетскиот професор и еден од потенцијалните кандидати за претседател на Република Македонија, Денко Малески, во изјава за порталот на албански јазик „Журнал“ изјави дека јавната поддршка на Али Ахмети претставува чест за него и за истата е многу благодарен.

Малески вели дека идејата за консензуален кандидат е многу добра, бидејќи тоа е идеја што обединува. Тој вели дека идеа прво треба да се тестира и да се види колку ќе добие поддршка од политичките партии.

-Прво, тоа е комплимент за мене, тоа е признание и за тоа јас сум благодарен. Оваа идеја во основа е добра, затоа што оваа идеја обединува. Во поделено општество како што е ова во Македонија, секоја идеја што обединува е добра. Прво треба да биде ставена на проба. Мора да се види како оваа идеја може да се реализира во Македонија и кој ќе застане во одбрана на идејата. Нашиот систем за избор на претседател е познат, партиите имаат клучен збор, но за прв пат во Република Македонија оваа идеја е лансирана, всушност идејата е стара, и Али Ахмети уште еднаш сака да се обиде со оваа идеја. Треба да се види колку ќе биде поддржана од другите партии. Македонија се наоѓа пред многу деликатни и важни одлуки во врска со членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ. Според тоа, потребен ни е степен на обединување што ни недостига. Како во реалноста ќе помине оваа идеја, останува да се види. Јас лично никогаш не сум се сретнал ниту сум разговарал со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, така што сега за сега тоа е нивната идеја и треба да се види како ќе биде прифатена, изјави универзитетскиот професор Денко Малески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This