ДЕНКО МАЛЕСКИ ПРОСДСМОВСКИОТ КОЛУМНИСТ, СО ДРВА И КАМЕЊА ПО МАНУ: МАНУ е скапана институција, со скапана политичка и правна мисла

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денко Малески, поранешен министер за надворешни работи од редовите на СДСМ и познат просдсмовски колумнист, во својата најнова колумна „МАНУ и успешната македонска приказна“ пишува дека МАНУ како институција е скапана, со скапана политичка и правна мисла, институција во која нема прогресивни идеи и која е без никакво влијание во општеството, која има само престижен наслов, чија поддршка власта на Заев ја бара само за да ја легитимира својата моќ, односно дека тоа било игра за СДСМ во која тие ништо не жртвуваат, туку само земаат.

„Политичката и правната мисла, она малку што ја има во таа институција, е скапана. Буквално скапана. Што се однесува до историската мисла, мислам дека можам мериторно да констатирам дека мислата на Мисирков од пред стотина и повеќе години, е попрогресивна од онаа на неговите современи интерпретатори во таа институција“, пишува Малески во својата колумна.

Според Малески МАНУ нема никаков капацитет и влијание врз општеството. „Ќе си дозволам да речам дека јас имам поголемо влијание врз македонското општеството од целото одделение за општествени науки на МАНУ! Или можеби од целата МАНУ?! Зарем е тоа нормално?“ пишува Малески.

-Ако Охрид го срамни земјотрес, нека биде тоа знак дека сме Бугари, а ова мое прво хаику за златен венец во Струга. Да живее господинот Заев, напиша „академик“ Ќулавкова во твитот од кој би се срамеле дури и најотоврените поддржувачи на СДСМ

Ваквите зборови на Ќулавкова предизвикаа згрозување на социјалните мрежи, каде граѓаните коментираат дека Бранко Тричковски добива сериозна конкуренција во борбата за најпсихички растроена и фрустрирана личност на годината.

Ќулавкова е член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), институција која под палката на Таки Фити повеќе наликува на партиско тело на СДСМ, отколку на некоја независна научна институција.

За платата од над 1.500 евра која Ќулавкова ја зема како академик, благодарение на даноците кои ги плаќа македонскиот народ од сопствениот џеб, таа во јавноста изигрува портпарол на Зоран Заев и го  величи новиот премиер до степен на самобламирање, но и понижување на највисоката научна и уметничка институција.

Имено, во врска со МАНУ и нејзината улога во општеството зборуваше и директорот на Бугарскиот Национален Историски Институт, Божидар Димитров, кој во едно телевизиско гостување во Бугарија од пред една седница рече дека МАНУ не смее да има став во однос на две точки од договорот за добрососедство, затоа што знаат дека ако му се спротистават на Заев ќе ги избрка од работа.

Според Димитров луѓето во МАНУ се луѓе кои работат по принципот „дај пари ќе се пишам Бугарин“.

Димитров: МАНУ е под контрола на Заев и нормално е што нема реакции

Божидар Димитров во интервју за бугарската телевизија БТВ, во емисијата „Оваа утро“ јасно кажа дека со исполнувањето на договорот кој Зоран Заев го договараше во Софија со Борисов, а ќе го потпише на 2 август во Скопје, ќе значи промена во македонските учебници по историја, велејќи и дека МАНУ не смее да се изјасни против промените во учебниците по историја кои ќе следуваат како обврска од договорот бидејќи Заев ќе ги избрка од работа.

Според Димитров, членовите на МАНУ работат се за пари, тие според него работат по принципот „дај пари, ќе се пишам Бугарин“.

– Две точки се многу важни според мене, јас ги кажав веќе и тоа предизвика голема врева, имаа посебна прес-конференција против мене, ме нападна најголемата партија, ВМРО-ДПМНЕ и сега ќе одат во затвор, кој и да го нападне Божидар Димитров ќе оди во затвор, иронично вели Димитров.

Запрашан по кои закони- по македонските или по бугарските?

Димитров вели: „По македонските таму имаат создадено Специјално јавно обвинителство.“

Останува нејасно дали ова беше кажано во иронија или можеби е горка вистина, ако го знаеме фактот дека СЈО до сега сите обвиненија кои ги поднесе се политички нарачки против врвот на ВМРО-ДПМНЕ, со цел кршење на партијата која во изминатиов период беше на браникот на државата.

Запрашан што со потпишувањето на договорот со Бугарија, Димитров рече:

-Прво, запираат кражбите на бугарската историја и се откажуваат од досега украдената и второ, исправете ги учебниците по историја без тие кражби, ако тоа го направат, македонските деца каква историја ќе учат? Целата историја им е составена од кражби. Еве вакви како што сега ги покажуваш.

Запрашан дали тоа ќе се случи по потпишување на тој договор, Димитров вели: – Ние ако го потпишеме и потоа тие ако го исполнат, тоа ќе се случи.

Водителот го запраша Димитров: Тоа сметате ли дека воопшто е возможно? Да се променат учебниците. Двата услови кои се.

Димитров рече: – Можам да кажам дека немаат доволно кадри. Ќе ти кажам еден убав симптом, минатите денови бев вклучен во една македонска телевизија да кажам пет – шест збора ново, при едно јавно предавање и разговорот пред јас да се вклучам, разбрав дека МАНУ се откажала да се изјасни против потпишувањето на тие точки од договорот.

„Тоа се луѓе кои сакаат да живеат и да примаат плати. Знаат дека Зоран Заев ќе ги избрка од работа сите, ако тргнат против него. Затоа велат да. Тоа се луѓе- ќе ми дадеш пари ќе се пишам Бугарин, тоа е многу старо“, заклучува Димитров.

Дали откако Заев ќе го добие она што го сака од МАНУ ќе ја фрли МАНУ на буниште? Останува да видиме.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This