ДЕНОВИ НА ЖАЛОСТ: Тешката сообраќајна нecpeќa однесе 14 животи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската влада прогласи денови на жaлoст поради тешката сообраќајна нecpeќa што се случи на патот Скопје-Тетово во која животот го загубија 14 лица.

Нecpеќата се случи вчера околу 17 часот, кога автобус на компанијата „Друмо турс“ излета од автопатот преку заштитната ограда и се преврте во дол во близина на селото Ласкарци.

„Трауматична ноќ, полна со болка и тага. Вечерва нашата земја е во жалост. Немам зборови со кои би можел да ги утешам семејствата на нашите сограѓани кои ги изгубија животите во оваа трагична несреќа“, изјави синоќа македонскиот премиер Зоран Заев.

Со автобусот патувале околу 50 патници а повредени биле вкупно 30 лица. Се уште трае истрагата за причините за несреќата.

Министерот за здравство изјави дека осум лица погинале на местото на несреќата, а останатите биле пренесени во болница каде им подлегнале на повредите.

Петмина од повредените, од кои тројца се полесни повреди а една е трудница, се наоѓаат во клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Помеѓу настраданите нема деца.

„Возачот е во свесна состојба и даде изјава за полицијата“, рече министерот.

Медиумите пренесоа дека сведок изјавил дека до несреќата дошло кога му пукнала гума на автобусот по што возачот изгубил контрола и преминал на спротивната лента од коловозот, ја пробил заштитната ограда и автобусот се превртел во провалија.

Еден татко посведочи како го извлеко синот од автобусот откако детето му се јавило и му кажало дека имало несреќа. „Беше ужасно“, изјавил таткото откако го однел синот на клиниката „Мајка Тереза“, каде му бил извршен оперативен зафат.

На местото на несреќата пристигнале пожарникари и жители од околните села кои помогнале во извлекување на преживеаните патници.

Спасувачките екипи морале да пресечат дел од автобусот за да ги извадат преживеаните.

„Имаше мирис на бензин и се плашевме дека ќе експлодира“, изјавил еден од очевидците.

Со автобусот патувале лица кои работеле во Скопје и се враќале кон Гостивар, изјави градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This