April 20, 2024, 12:58 pm

ДЕНОТ ЗАПОЧНУВА СО КОЛЕДАРИТЕ:Скопјанка раскажува како се празнува Бадник во нејзиното семејтво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Домаќинките веќе ги прават последните подготовки за Бадник и Бижик. Во недела е бадниковата вечер, а во понеделник се празнува Христовото раѓање, Божик.

Баба Ратка е стара домаќинка која има речиси 80 години. За неа Бадник и Божиќ имаат посебно место. Тие се посебни денови.

-Денот го започнувам многу рано. Најпрвин станувам јас како домаќинка во куќата. Подготвувам мали лепчиња, за децата коледари, кои кај нас доаѓаат околу 7 часот, за да го најават Христовот раѓање. Во минатото имаше многу повеќе деца. Сме пречекувале и по 30 деца, а како одат годините напред таа бројка се намалува. Денеска ни доаѓаат околу 15 деца. Пеат бадникови песни. Ни го развеселуваат дворот уште од рано наутро. Им даваме од бадниковиот дар, јаболки, портокали, мандарини, костени, ореви, месени лепчиња, нешто благо и парички, вака и започнува денот на Бадник на баба Ратка.

Откако ќе ги испрати коледаите, Баба Ратка започнува со подготовка на Бадниковиот ручек.

-Масата ја украсувам секогаш со бадниково гранче, да носи среќа и здравје на сите домашни. Јас сум задолжена за спремање на зелникот. Зелникот на Бадник е посебно убав. Само на овој ден го правам на посебен начин. Најпрвин ги сукам корките, па потоа ги ставам одозгора на плочата на шпоретот малку да се запечат, па тогаш ги ставам во тавче. Така работеше мајка ми, еве така денеска и јас. Додека се пече зелникот, снаата е задолжена за спремање на рибите. Обично за Бадник во нашиот дом печеме една поголема риба. Гравот се вари, а го спремаме и бадниковиот леб, заедно со бадниковото лепче со паричка.

Кога бевме ние помлади со сопругот и кога децата беа помали, секоја година за Бадник вечеравме на подот, но сега веќе на маса, раскажува баба Ратка.

Таа вели дека масата колку е побогата со јадење, толку ќе биде побогата и родна годината.

Зелник, грав, риба, овошје, лепче е она без кое не поминува бадниковата вечера.

Баба Ратка вели дека на масата секогаш треба да има и сол, за здравје да ги служи домашните. Да има и лук, за да бега злото од домот.

Домаќинот во куќата, оној кој е најстар го дели лепчето со паричка за сите домашни, за куќата и за Господ. Таму каде што ќе се падне паричката, таму ќе има најголема среќа.

Баба Ратка вели дека на децата им се подарува по нешто на Бадник, за убаво да им започне годината.

-Кај нас во село, кога ние бевме деца, бабите ни подаруваа нови волнени плетени чорапи. И мене денеска тоа ми останало, па така и јас на моите внуци им подарувам чорапи, вели баба Ратка.

Кога ќе се заврши вечерата, масата не се крева, додава таа. Се верува дека Господ ќе се симне за да вечера.

Исто така се пали и бадниковото гранче, кое неколку дена претходно е земено од црква. Колку ќе пуцка гранчето додека се пали, се смета дека толку ќе биде успешна годината.

Скопјеинфо.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This