ДЕНОТ НЕ Е ДЕН БЕЗ ТЕБЕ: Потресна порака од Игор Божиновски до својата сопруга Елена во затворот Шутка, мајка на 2 мали деца

Поврзано

- Advertisement -
37 годишната Елена е мајка на две малолетни деца сега обвинителството за организиран криминал и корупција ја сомничи дека со уште 36 мина извршила терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
 
- Advertisement -

Денот не е ден без тебе! Недостасуваш! Неправдата ни ја зема радоста, со овие зборови започнува потресната порака на Игор Божиновски до неговата сопруга Елена, која е една од обвинетите за настаните од 27-април и се наоѓа во притвор во Истражниот затвор во Шуто Оризари.

-Денот не е ден без тебе! Недостасуваш! Неправдата ни ја зема радоста. Секојдневие какво на никој не му посакуваме, неправда каква никој не заслужува. Те чекаме! Бог суди последен! Кога ќе ви биде најубаво во кругот на семејството, сетете се на семејствата неправедно оставени без радост. Нејзината душа е чиста, главата исправена. А вашите? Во пост и молитва, во мизерни затворски услови, Елена ги поздравува сите добронамерници и доброчинители, а на одметнатите од Бога посакува враќање на патот Господов, пишува Игор Божиновски во пораката која е објавена и на Фејсбук групата „Слобода за Елена“.


Претходно на социјалните мрежи беше објавена потресната биографија на Елена Доцевска Божиновска, една од притворените за настаните од 27 април. 37 годишната Елена е мајка на две малолетни деца сега обвинителството за организиран криминал и корупција ја сомничи дека со уште 36 мина извршила терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Поддршка Елена доби и од универзитетската професорка Биљана Ванковска.

„Дури сега разбрав дека меѓу притворените за терористичко загрозување на поредокот е и мојата постдипломка (на Европски студии) Елена. Не ми се верува дека на мајка на две ситни дечиња може да и’ се изрече притвор! Со која цел? По која основа? Ако го анализирате профилот на “терористиве”, навистина ќе заклучите дека се навистина опасни, крвожедни и може пак да предизвикаат нереди… Срамота е зошто сите овие луѓе се жртвени јагниња за други (поголеми, политички) цели. Вистинските виновници ќе се извлечат или се веќе на високи позиции, можеби и овие луѓе ќе бидат пуштени – ама ова е лекција за “пацификација” што би рекол еден професор“- напиша професорката Ванковска.

Притворените во Шутка се од 28 ноември, нивните семејства се жалат дека условите во кои ја издржуваат мерката се супстандардни. Ќелиите се ладни, а греење имале само еден час наутро и еден час навечер. Управата на истражниот затвор забранувала роднините на притворените да им однесат топла облека.

Во знак на протест за притворот на Владо Јовановски актерите пред полна сала ја одложија претставата „Ничија земја“

Пред полна сала актерите на МНТ вечерва ја одложија претставата Ничија земја.

Целиот актерски тим излезе пред присутните во МНТ и извинувајќи и се на публиката соопшти дека во знак на протест за притворот на нивниот колега, претставата нема да се одигра.

По ова публиката беше замолена да ја напушти салата.

Јовановски доби притвор во рамките на акцијата за настаните на 27 април во Собранието.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This