ДЕНСКА ТОШЕ ЌЕ НАПОЛНЕШЕ 38 ГОДИНИ: Беше многу повеќе од човек и пејач, а да беше жив денес ќе наполнеше 38 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Беше многу повеќе од човек и пејач, а да беше жив денес ќе наполнеше 38 години. Тоше Проески е нашиот непребол. Македонија, Балканот и светот го помнат како голема музичка ѕвезда, човек со огромно срце за помош на секого. Ѕвездата, за жал, ни згасна. Неговото име стана заштитен знак за Македонија, симбол на тоа што вреди, тоа на кое се гордееме.

Музичката кариера ја започна со настапот на прилепскиот фестивал Мелфест во 1997, каде што и победил изведувајќи ја песната наYesterday од Битлси. Патот кон ѕвездите му го отвораат песните Пушти ме (1997) и Остани до крај (1998).

Имаше соработки со големи имиња како Џеф Бек, Жељко Јоксимовиќ, Леонтина Вукомановиќ, Марина Туцаковиќ, Бора Ѓорѓевиќ, Миро Буљан, Антонија Шола, Тони Цетински, Phoebus, Ања Рупел и голем број на други влијателни балкански и светски музичари и композитори. Се смета дека подемот во неговата кариера започнал по изведбата на песната Твоите бакнежи на моите бели кошули на Скопскиот фестивал во 1999 година.

Во меѓувреме Тоше стана дел од продуцентската куќа Авалон, каде што останал се до истекувањето на неговиот договор во април 2002. Во 2004 година бил прогласен за Амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Негов заштитен знак е познатиот израз Ве сакам сите.

Загина на 16 октомври 2007 во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Постхумно беше прогласен за заслужен граѓанин на Македонија.

НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАБОРАВИМЕ. ПОЧИВАЈ ВО МИР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This