ДЕН НА РУСКАТА ДИПЛОМАТИЈА

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Амбасадата на Руската Федерација и Почесниот руски конзулат во Македонија денеска ќе го одбележат Денот на руската дипломатија со положување цвеќе пред споменикот Руски крст во градскиот парк во Битола.

ruska-ambasada-1

-Церемонијата се одржува секоја година и, според старата традиција, создадена од руските дипломати кои работеле во Македонија, се одржува токму во Битола кај Рускиот крст. Споменикот е подигнат во чест на рускиот императорски конзул Александар Ростковски кој во 1903 година исполнувајќи го својот службен долг загинал од раката на османлиски војник, соопшти Руската амбасада, додавајќи дека со овој настан им се оддава почит на сите дипломатски службеници кои загинале за време на исполнувањето на своите службени обврски.

Празникот на руската дипломатија е утврден со Указ од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин од 31 октомври 2002 година. Се слави на 10 февруари затоа што на тој ден во 1549 година е првото спомнување на „Посолскиот приказ“ односно прва надворешно-политичка служба на Русија.

На одбележувањето на Денот на руската дипломатија во Битола ќе присуствуваат претставници на дипломатскиот кор и ќе се обратат рускиот амбасадор Олег Шчербак, почесниот руски конзул во Битола Сергеј Самсоненко и битолскиот градоначалник Владимир Талески.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This