Ден посветен на Светите Дванаесет мачeници кои постpадаа во времето на Диоклецијан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според календарот на МПЦ , 1-ви март е посветен на Светите Дванаесет мaченици што постpадаа во времето на Диоклецијан.

Првиот од нив, Памфил, презвитер на Црквата во Кесарија Палестинска, човек учен и благочестив, го исправи текстот на Новиот Завет од грешки на различни препишувачи; самиот ја препишуваше оваа спасоносна книга и им ја даваше на оние што сакаа. Вториот беше ѓаконот Валент, стар според годините и белокос според мудроста.

Беше одличен познавач на Светото Писмо и го знаеше речиси наизуст. Третиот беше Павле, маж чесен и угледен, кој еднаш порано беше фрлен во оган за Христа. Освен нив уште петмина браќа по тело и дух, родум од Мисир, се враќаа од осуда од рудникот Киликиски во својата татковина, но на портата од градот Кесарија изјавија дека се христијани, заради што ги изведоа на суд. На прашањето како се викаат, рекоа: „Незнабожечките имиња што ни ги даде мајка ни ги отфрливме и се нарековме Илија, Исаија, Јеремија, Самуил и Даниил“.

На прашањето од каде се, рекоа: „Од Горниот Ерусалим“. Сите беа уб иени, а со нив постpада и момчето Порфириј, кое ги побара нивните тела за да ги погpеба. Тие беа уб иени со ме ч, а него го изгоpеа во оган. Уште и Селевкиј, кој пријде и ги бакна мач ениците пред ме чот да падне врз нивните глави. Пред ова Селевкиј беше офицер. И старецот Теодул, слуга на римскиот судија, бидејќи при погpебната поворка бакна еден од мач ениците. Најпосле и Јулијан, кој ги целиваше мpтвите тела на мачениците и ги фалеше. И така дадоа мало за големо и евтино за скапоцено и смpтно за беcмртно и се преселија кај Господ во 308 година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This