ДЕРКОВСКИ: ДИК е подготвена за избори со отворени листи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Државната изборна комисија е подготвена за било каков договор кој ќе го постигнат партиите, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски на новинарско прашање дали комисијата е подготвена за избори со отворени листи.

–Моето мислење за изборниот модел е нерелевантно, тоа е во суштина работа на партиите, како ќе биде изгласано, така ќе постапуваме. За се сме подготвени, рече Дерковски.
Според него, избирачкиот список е добар и е материја која постојано се чисти и прочисутва како што ги добиваат податоците од МВР квартално.

–Се разбира дека во избирачки список со над 1.800.000 гласачи ќе најдете недоследност, но сето тоа е сведено во една разумна рамка затоа што ние постојано го прочистуваме списокот, рече Дерковски.
Тој рече дека доставиле предлози за техничко подобрување на изборниот процес и додаде дека се тоа зависи од политичките партии.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This