ДЕРКОВСКИ: На овие избори најбрзо ќе ги дознаеме резултатите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Резултатите од гласањето од првиот круг на претседателските избори кое се затвора утре во 19 часот ќе го дознаеме најбрзо до сега, тврди Оливер Дерковски, претседателот на Државната изборна комисија.

Првичните неофицијални резултати од самите избирачки места ќе бидат објавувани побрзо затоа што ќе се прават фотографии на записниците и потоа со заштитени кодови ќе бидат испратени до Комисијата.

„Воведуваме побрз трансфер на резултатот од самите избирачки места користејќи ги новите технологии, сè со цел и да превенираме одредени несакани последици во транспортот на гласачкиот материјал до Општинската изборна комисија, меѓутоа и да ја надминеме постојаната забелешка до ДИК дека многу бавно ги објавуваме резултатите“, изјави Дерковски.

Преку пример издвојува дека гласачки места кои имаат околу 50 гласачи на избирачкиот список по 15 минути од завршувањето на времето за гласање вечерта ќе може да испратат фотографија од записникот до ДИК и комисијата веднаш ќе го формира резултатот на екран преку системот.

„Нашите оператори ќе ги внесуваат. Како стигаат така ќе ги гледате сите вие, јавноста ќе ги гледа и на тој начин тие како првични неофицијални резултати ќе можат граѓаните да ги видат и да го следат целиот процес навремено“ вели Дерковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This