Дерковски: Сајтот на ДИК нема да се ажурира поради истpaгата на МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Трет ден не функционира интернет страницата на Државната изборна комисија на која треба да се следат изборните резултати. Сајтот „rezultati.sec.mk“ ги покажува само податоците од излезноста на изборите до 20.30 часот. Ги нема изборните резултати, ниту освоените мандати на партиите.

Од Државната изборна комисија велат дека сајтот не е во функција поради истрагатата која ја води МВР по хакерскиот напад врз овој сајт и на него повеќе нема да се прикачуваат информации поврзани со изборите.

Поради истрагата на МВР, овој сајт нема да го ажурираме, туку изборните податоци ќе ги објавиме на табела – изнформира претседателот на ДИК, Оливер Дерковски за „Алсат“.
Од МВР официјално велат дека во овој момент се води истрага, но не можат да потврдат дали воопшто имало хакерски напад, кој стои зад него, дали е од Македонија или од странство. Секторот за компјутерски криминал при МВР веќе ги зема податоците од ДИК.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи ги презема соодветните мерки и активности со цел расчистување на овој случај – вели Тони Ангеловски, портпарол на МВР.
Софтверот на сајтот го одржува фирмата ДУНА, а договорот со оваа компанија бил склучен во четири очи. Деркоски повикувајќи се на законот за јавни набавки вели дека негативното мислење што за договорот го дало Бирото за јавни набавки еден месец претходно не било обврзувачко за нив.

Од друга страна, Деркоски вели дека ДУНА понудил најниска цена – 900.000 денари. Со ДУНА имало и претходно преговори. Ова го потврдуваат од самата компанија, од каде исто така наведуваат дека апликацијата ја подготвувале повеќе од половина година по барање на ДИК.

Од Обвинителството за „Алсат“ велат дека ги следат случувањата во ДИК, но засега не се вклучуваат во истрага.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This