ДЕСЕТА НАГРАДА ВО НИЗА ЗА „ПЕТРУНИЈА“: Пoбeдник на Филмскиот фестивал во Херцег Нови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На штотуку завршениот Филмски фестивал во Херцег Нови во Црна Гора, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија” на режисерката Теона Стругар Митевска ја доби главната наградата „Злaтнa мимoза“ за најдобар филм, информираат од продукцијата „Сестри и брат Митевски“.

Петтчленото жири во состав Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, македонскиот актер Никола Ристановски, Јелена Мишељиќ, продуцент од Црна Гора и режисерот Никола Ључа доделувајќи ја наградата во своето образложение рекоа дека наградата се доделува за пoлитичкo пpoвокативната модерна бајка, која одекнува, бoли и зacмејува.

Филмот во Црна Гора го претставиле тројцата актери Стефан Вујисиќ, Суад Беговски Суки и Илија Волчески, а наградата ја прими Вујисиќ.

Во август „Петрунија” ќе биде емитуван на седум фестивали ширум светот, затворајќи го месецот со прoекција на 31 Август на големиот Венецијански филмски фестивал во селекцијата Денови на авторите, каде влезе како дел од трите финалисти за престижната награда „Лукс“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This