April 25, 2024, 12:26 pm

ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА ПИШУВАЊЕ ЛАЖНИ ВЕСТИ: Локалните соросоиди од Кавадарци со десетина илјади евра буџет за водење црна кампања и лажни вести!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црната кампања на СДС како и очекувано започна со силен интензитет во втората половина од предизборниот период, благодарение на недостатокот на проекти на кандидатите на владеачката партија

 

Ваквиот недостаток на реална понуда за граѓаните, според досега познат рецепт се „пегла“ со активирање на црна кампања преку која безидејноста на СДС се покрива преку пласирање на лаги, манипулации и наводен кримнал на нивните политички противници. Секако, за ваквата кампања се задолжени соросоидите кои со по 5.000.000 евра годишен буџет активно работат на продуцирање на лажни вести и гебелсова пропаганда за да ја покријат разликата помеѓу кандидатите на СДС и ВМРО-ДПМНЕ.

Таков е и примерот со соросоидите во Кавадарци, каде што членовите на СДММ се воедно и активни чинители во соросовите организации на локално ниво, преку кои ги организираат пропагандните активности. Истите, воедно се и под заштита на криминалното подземје предводено од Фрчковски и Шеќеринска, кои заедно со безбедносните структури активно ги помагаат и заштитуваат овие лажговци.

Сашко Петров и Кирил Бебеџаков се двајцата членови на СДС од Кавадарци, сопственици на порталот „Мојот Град“ и ФБ страницата „Кавадарци протестира“, и двете платформи користени за ширење на негативна пропаганда, лаги и манипулации. За овој „проект“ истите имаат годишен буџет од преку 16.000 евра, а редовно се финансирани и обуки и патувања на кои се дообучуваат за ширење на пропаганда.

Кавадарчани сепак, ја препознаваат намерата на СДС преку лаги и манипулации да се обидат да добијат власт во градот каде што ги укинаа субвенциите на земјоделците, се закануваат со укинување на откупот, односно селективен откуп на грозје, го затворија најголемиот работодавач во градот „ФЕНИ Индустрис“. По овие „проекти“, кавадарчани се решени да го казнат краткото но исклучително владеење на СДС, давајќи му масовна поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев, кои иако досега никогаш не бил дел од локалната самоуправа, како бизнисмен во десетици наврати помагал на општината, но и на стотици граѓани кои од него побарале помош.

Очајната црна кампања на СДС, само покажува дека тие се во паника пред поразот кој им претстои.

 

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This