РАСТЕ ПРИТИСОКОТ ВРЗ КРИСТИЈАНО:Десет години затвор за Роналдо или 29 милиони казна?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Расте притисокот врз ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо од страна на шпанската даночна полиција. Според пишувањата во шпанските медиуми, Португалецот може да заработи казна затвор од 10 години, доколку не уплати сума од 29 милиони евра на даночната управа.

Португалецот е под истрага поради неплатен данок во висина од 14,7 милиони евра, но ѕвездата на Реал Мадрид постојано тврди дека е невин и дека не направил ништо незаконски. Сепак, државата не простува на никого. Тој е обвинет дека заедно со своите советници, намерно отворил фиктивна форма во земјите кои се „рај за избегнување на даноците” и таму ги префрлал сите пари од спонзорските договори.

Обвинението бара Роналдо да плати 29 милиони евра, но и да се изјасни дека е виновен во овој случај. Кристијано не е првиот фудбалер со вакви проблеми во Шпанија. Претходно низ истото поминаа и Лионел Меси, Хавиер Маскерано, Марсело, Рикарод Карвалјо, Анхел ди Марија и уште многу други познати фудбалери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This