Десет нови позитивни случаи со коронавирус во Кавадарци, претежно млади лица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десет нови позитивни случаи со коронавирус се регистрирани во Кавадарци, се работи претежно за млади лица, за МИА утрово потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Некои од нив, како што кажа, биле контакти на претходно потврдени позитивни случаи на КОВИД-19, а други не знаеле од каде се заразиле. Новозаразените се на возраст од 18 до 51 година. Тројца се со 18 години, тројца со 19, по еден на 30, 33, 38 и 51 годишна возраст. Три од позитивните лица се од женскиот пол. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Докторот апелираше до кавадарчани на внимателност и почитување на мерките за заштита од вирусот.

Од почетокот на пандемијата, досега, Кавадарци бележи вкупно 47 случаи на коронавирус.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This