ДЕСКОСКА МУ Е ШЕФИЦА НА СОПРУГОТ: Сопругот на Дескоска во Одборот за акредитација, министерката не гледа судир на интереси

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот на Правниот факултет, Тони Дескоски, е еден од дваесет и тројцата членови на Одборот за акредитација и евалуација во високото образование, именуван на предлог на УКИМ од пред неколку години. Професор од УКИМ реагираше на социјалните мрежи дека постои судир на интереси бидејќи Министерството за образование го менаџира токму неговата сопруга, Рената Дескоска.

-Веројатно никој нормален не очекува дека треба да даде отказ од работа зашто јас сум министерка за образование“. Ова е краткиот коментар на министерката за образование и наука, Рената Дескоска, за „Макфакс“. Таа вели дека нејзиниот сопруг бил именуван од УКИМ пред таа да стане министерка за образование.

-Владата нема надлежност ниту да го именува, ниту да го разрешува мојот сопруг зашто тоа е на предлог на неговите колеги- вели Дескоска. На прашање дали требало да побара од УКИМ да назначи друг претставник наместо нејзиниот сопруг, поради судир на интереси, Дескоска вели: Ако почнеме да се мешаме во тие органи, тогаш се мешаме во автономијата на универзитетот!

Во септември лани на предлог на Владата биле именувани 9 членови во тоа тело, меѓу кои професорите Розалинда Поповска-Коскарова, Гордана Попсимонова, Тале Герамитчиоски… Од МАНУ член е академикот Владо Камбовски. Собранието ги изгласа измените во Законот за високото образование со кои овој одбор ќе биде поделен на два дела, еден за акредитација и еден за евалуација со по 15 членови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This