ДЕСКОСКА: Не е пристигнато барање за екстpaдициja на Морина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

– До Министерството за правда не е пристигнато барање за екстpaдиција на поранешниот припадник на ОВК Томор Морина. Штом ќе пристигне, веднаш ќе биде препратено на cyдовите кои ќе треба да одлучат по тоа барање, изјави денеска министерката за пpaвда Рената Дескоска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерката за пpaвда ја објасни процедурата. Според нашиот закон, барањето за екстpaдиција треба да стигне до Министерството за пpaвда, а потоа тоа се препраќа до cyдовите што одлучуваат.

– Досегашната постапка одеше по потерница на Интерпол, МВР врши запирање на лицето кое сакало да премине граница и потоа се води cyдската постапката. Ние како Министерство имавме досега единствено надлежност да ги известиме преку МНР амбасадите чијшто државјанин е лицето. Тој е државјанин на две држави, има британско државјанство и косовско државјанство. Ние согласно тие процедури веќе пративме известување до амбасадите коишто се во нашата држава, рече Дескоска.

Томор Морина беше уапсен минатата недела на граничниот премин Блаце, по потерница издадена од седиштето на Интерпол во Лион.

Српските медиуми објавија дека Министерството за правда на Србија ќе побара од надлежните институции на C Македонија, екстрадиција на Морина. Властите во Приштина, пак, сметаат тој треба да биде ослободен и да се врати на Косово.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This