ДЕСКОСКА СЕ ИЗНЕРВИРА: СкаHдалозHа и Hезаконска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СкаHдалозна и незаконска, вака министерката за правда Рената Тренеска Дескоска ја оцени одлуката на судскиот совет за покачување на платите на судиите за една третина и ретроактивно.
Таа пренесе дека биле донесени две одлуки. Едната на 30-ти ноември која предвидувала покачување за месец ноември и била во ред и друга одлука донесена вчера од страна на судскиот буџетски совет, со важност за покачувањето на платите во септември и октомври.

Како член на судскиот буџетски совет министерката запраша зошто не била поканета на вчерашната седница на која биле носени одлуките за ретроактивно покачување на платите на судиите.

Таа апелира членовите на советот да се потсетат на нивните законски обврски но и изнесе , како што ги нарече ,шпекулативни сценарија кои требало допрва да се потврдат, за тоа што стоело зад ваквите одлуки.

Покачувањето за една третина на платите само на судиите не и на техничкиот персонал,, е капката која ја прелеа чашата на синдикатот на УПОЗ кој пред неколку недели најави можност за штрајк на судската администрација. Инаку Тренеска Дескоска најави носење закон кој треба да ги изедначи сите во одлуките за покачување на платите на вработените во судовите .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This