April 20, 2024, 12:05 am

Десницата се обединува: Унгарија со поддршка за Салвини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за надворешни работи Петер Сијарто изјави дека лидерот на десничарската Лига во Италија, Матео Салвини, заслужува благодарност и пофалби, реагирајќи на одлуката Сенатот во Италија со која му се одзема имунитетот на Салвини.

Сијарто рече дека либералниот мејнстрим печат го претставил чинот како победа, но сепак Салвини не сакаше да им дозволи на илегалните мигранти, шверцерите и нивните сојузници, т.н. невладини организации, да се смеат пред италијанските и европските закони и да ги кршат сите постојни регулативи самоволно навлегувајќи во Европа преку пристаништето во Италија. .

– Салвини реши да ги заштити Италија и Европа и да докаже дека она што Унгарија го сработила на копно може да се направи и на море и подеднакво е можно да се заштитат надворешните граници на Европа на копно и на море, рече Сијарто.

Тој рече дека Салвини ја открил бриселската лага дека морските граници е невозможно да се заштитат и докажа дека е навистина тоа возможно, односно има начин да се заштитат поморските граници на Европа.

– Потребно е сериозно да се сфатат нашите правила и да се применуваат, рече тој, постојат правила за преминување на границите што секој мора да ги почитува.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This