ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД: Хронологија на судирите меѓу САД и Иран

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иранскиот напад кој синоќа е извршен врз две американски бази во Ирак ја означува кулминацијата на тензиите кои постојано растат веќе две години, односно од американското повлекување од нуклеарниот договор.

Конфликтот меѓу САД и Иран трае уште од исламската револуција во 1979 година и заземањето на американската амбасада, но иако двете страни по ракетниот напад покажаа воздржаност, сепак заканата од општа војна и понатаму е присутна.

Хронологија на главните настани кои претходеа:

– 8 мај 2018 – Американскиот претседател Доналд Трамп најави повлекување на САД од нуклеарниот договор меѓу светските сили и Иран, кој го потпиша неговиот претходник Барак Обама, овозможувајќи ублажување на санкциите против Техеран во замена за ограничување на иранската нуклеарна програма и зајакнато набљудување на ОН. Во месеците кои следеа САД ги зајакнаа санкциите, влошувајќи ја економската криза во Иран.

– 5 ноември 2018 – САД воведоа остри санкции за иранската нафтена индустрија, која е од витално значење за економијата на земјата, со список од 12 барања кои Иран треба да ги исполни за намалување на санкциите. Иран ги отфрли барањата, меѓу кои се и прекин на поддршката на оружените групи во регионот, повлекување од сириската граѓанска војна и запирање на програмата за балистички ракети.

– 5 мај 2019 – САД соопштија за разместување на ударни групи на американскиот носач на авиони „Абрахам Линколн“ и групите за бомбардирање, како одговор на „големиот број загрижувачки најави за ескалација и предупредувања“, без наведување детали, но со закани дека на секој евентуален напад ќе биде соодветно одговорено.

– 8 мај 2019 – Иран се закани со збогатување на резервите ураниум до ниво за вооружување, доколку светските сили не успеат да договорат нови услови за нуклеарната спогодба. ЕУ побара од Иран да го почитува нуклеарниот договор и соопшти дека планира да ја продолжи трговијата со таа земја, додека Трамп изјави дека би сакал иранските лидери да го повикаат.

– 12 мај 2019 – Обединетите Арапски Емирати соопштија дека четири трговски бродови во близина на нивниот источен брег биле цел на саботажа. Трамп го предупреди Техеран дека жестоко ќе „страда“ доколку изврши „каков било напад“.

– 13 јуни 2019 – Два танкера со нафта во близина на стратешкиот Ормуски проток се погодени во наводен напад, во кој еден е запален, а 44 морнари се евакуирани од двата брода. Американската морнарица веднаш упати помош, а Вашингтон подоцна го обвини Иран за нападот, што Техеран го демантира.

– 20 јуни 2019 – Иранската Револуционерна гарда собори американски воен дрон. Трамп истакна дека повикал на планиран одмазднички напад врз Иран загрижен поради жртви.

– 1 јули 2019 – Иран продолжи со заканите дека ќе ја зголеми границата која е одредена со нуклеарниот договор за резервите на нискозбогатениот ураниум, кој се користел за цивилни цели, а не за нуклеарно оружје.

– 14 септември 2019 – Напад со дрон врз саудиски нафтени постројки, што со тек на време двојно ги намали испораките на нафта до најголемите светски производители и доведе до пораст на цената. САД соопштија дека нападот го извршил Иран, директно обвинувајќи го за „чин на војна“ против Саудиска Арабија. Иран ја отфрли вмешаноста, а одговорноста засега ја презедоа бунтовниците Хути, со седиште во Јемен.

– октомври 2019 – Во Либан и Ирак избија масовни антивладини протести предизвикани пред се од економски проблеми, но нивна мета беа претставници на власта поврзани со Иран. Демонстрантите во Ирак отворено го осудија влијанието на Техеран и нападнаа ирански дипломатски објекти.

– ноември 2019 – Започнаа протести во стотина места и градови низ Иран по одлуката за поскапување на горивото. Обемот на протестите и пресметката со демонстрантите не може точно да се определи бидејќи неколку денови интернетот бил во прекин, а Амнести интернешанл подоцна процени дека се убиени над 300 луѓе.

– 27 декември 2019 – Во ракетен напад врз база во северниот дел на Ирак е убиен еден Американец, а неколку американски и ирачки војници се повредени. САД за нападот го обвинија Катаиб Хезболах, една од неколкуте оружени групи кои дејствуваат во Ирак со поддршка на Иран.

– 29 декември 2019 – Во американските напади врз позиции на Катаиб Хезболах во Ирак и во Сирија загинаа најмалку 25 борци, што предизвика одмазднички закани, а Ирак нападите ги оцени како флагрантно кршење на неговиот суверенитет.

– 31 декември 2019 – Стотици проирански демонстранти ја пробија надворешната ограда на амбасадата на САД во Багдад и одржаа дводневен протест, при што кршеа прозорци, палеа оган и фрлаа камења преку внатрешната ограда, додека американските специјалци, кои го обезбедуваат објектот, одговориле со солзавец.

– 3 јануари 2020 – Во американски воздушен напад во близина на аеродромот во Багдад е убиен генералот Касим Сулејмани, шеф на елитната единица на иранската Револуционерна гарда, а Пентагон соопшти дека тој е убиен по наредба на американскиот претседател Доналд Трамп.

Високи функционери во Конгресот и блиски сојузници на САД изјавија дека не биле консултирани во врска со нападот за кој многумина стравуваат дека би можел да поттикне војна.

– 5 јануари 2020 – Иран соопшти дека веќе нема да се придржува на нуклеарниот договор, а ирачкиот Парламент во необврзно гласање одлучи да ги протера сите американски сили. Во Ирак се стационирани околу 6.000 американски војници, со цел да спречат нова појава на Исламска држава. Трамп му се закани на Ирак со санкции доколку ги исфрли американските трупи.

– 8 јануари 2020 – Иран истрела неколку балистички ракети врз две бази во Ирак, во кои се наоѓаат американски трупи, одмаздувајќи се за убиството на генералот Сулејмани. Американскиот претседател напиша на Твитер дека „е се добро“ и се очекува во текот на денот да се обрати на нацијата. Иранските медиуми објавија за убиени 80 американски војници, додека американската страна засега нема извештаи за евентуални жртви.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This