ДЕТАЛИТЕ ЗА НОВИОТ HUAWEI P40: Овој смартфон ќе биде претставен во март 2020 година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новиот модел на Huawei со ознака P40 ќе биде претставен во март 2020 година.

Исто како и претходните два модела, и P40 ќе излезе во март наредната година, а оваа информација ја потврди директорот на Huawei задолжен за продажба, Ричард Ју.

Тој, во интервју за францускиот веб-сајт за технологија Frandroid откри дека новиот смартфон официјално ќе биде претставен на саемот во Париз.

Точниот датум засега не e познат, но Ју го нарекува новиот смартфон „со досега невиден дизајн“, со кој ќе се разликува од останатите смартфони кои се нудат на пазарот.

P40 ќе користи Android 10 од Huawei EMUI interface наместо HarmonyOS.

Доколку Америка не ја повлече зaбрaнaтa, новиот смартфон нема да има пристап до Google Play Store или другите услуги на Google.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This