ДЕТАЛИ ЗА АКЦИЈАТА: Се апсат полицајци по наредба на ЈО, продавале тајни документи од истраги на портали и медиуми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По наредба на Јавното Обвинителство, во тек е акција за апсење на неколкумина полициски службеници кои оддавале службени тајни, детали од истраги и докази на претставници на јавноста, телевизии, портали и други медиуми

 

Од она што го дознава „Инфомакс“, се работи за припадници на Секторот за прикриен криминал, сектор кој спаѓа во делокругот на работата на Бирото за јавна безбедност (БЈБ).

Истрагата против овие полицајци е водена подолго време, а денес е дадена наредба за нивно лишување од слобода.

БЈБ, односно секторот за прикриен криминал на кој припаѓаат овие полицајци пак е под контрола на дополнителната заменик министерка во МВР Славјанка Петровска која остана да го „контролира“ техничкиот министер Наќе Чулев.

Директор на БЈБ е Сашо Тасевски, човекот кој го „спаси“ Зоран Заев на 27.април при случувањата во Собранието.

Сепак, без проверка на фактите, медиумите блиски до власта повторно оркестрирано шират лажни вести и брутални дезинформации, а поради сензација „филуваат“ дека полицајците биле блиски до техничкиот министер.

Претходно, порталот „А1Он“ објави фотографија од полицаец кој наводно конзумира кокаин, именувајќи го како Миле Петревски. Споменатиот целосно ја демантираше информацијата, информирајќи дека ќе поведе кривична постапка против „А1он“ поради лажните вести.

Лажната вест освен „А1Он“ ја сподели и порталот „Локално“ но и неколку други провладини медиуми.

 

А.Митовски

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This