ДЕТАЛИ ЗА АТЕНТАТОТ ВРЗ ЗАХАРЧЕНКО: Властите на ДНР ги соопштоија деталите за атентатот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на самопрогласената Народна Република Донецк Александар Захарченко беше убиен од експлозивна направа која била поставена во кафулето во Донецк, во саботата на прес конференција соопшти советникот на лидерот на ДНР Александар Казаков.

“Тоа беше експлозивна направа без обвивка, чиј основен принцип е експлозивни бранови и оган. Експлозијата се случи во моментот кога тој влегувал во кафулето. Прво, влегол телохранителот, кој веднаш загинал. Вториот во кафулето влегол Александар Владимирович Захарченко, па уште еден телохранител и министерот за даноци на приходи на ДНР Александар Тимофејев “, рече Казаков.

Тој рече дека експлозивната направа најверојатно е поставена во четвртокот вечерта. Според него, можно е дека во терористичкиот напад да бидат вклучени истите луѓе кои ги организирале и атентатите на бунтовнички команданти Арсен Павлов “Моторола” и Михаил Толстих “Гиви”.

Захарченко беше убиен во петокот на 31 август, во експлозија во кафулето “Сепар” во центарот на Донецк, а министерот за даноци и приходи на ДНР Александар Тимофејев е тешко ранет. Од експлозијата, телохранителот на Захарченко исто така беше убиен.

Според податоците на Министерството за вонредни состојби на ДНР, во експлозијата беа повредени 11 лица, а властите на ДНР го окарактеризираа инцидентот како терористички акт.

Вршителот на должност лидер на ДНР Дмитриј Трапезников изјави дека се уапсени неколку лица, за кои се сомнева дека учествувале во убиството. Тие потврдија дека тоа е диверзија на Киев.Додека украинската безбедносна служба ги отфрли обвинувањата дека била вмешана во убиството.

Подготвил:
Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This