ДЕТАЛИ ЗА ВЕРИЖHАТА НECPЕЌА: Тројцата возачи и една сопатничка итнo пренесени во скопските клиники!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во 16:15 часот на автопатот „Мајка Тереза“, во атарот на селото Буковиќ се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фиат сеиченто“ со скопски таблички, управувано од А.Д.(43) од село Трубарево, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски таблички, управувано од А.С.(26) од Ново Село, тетовско и товарно возило „пежо бипер“ со скопски таблички, управувано од Ј.Д.(44) од Скопје.

Во незгодата, тројцата возачи и сопатничката во товарното возило Е.Р.(36) се здобиле со повpeди. Ј.Д. и А.Д. се здобиле со тешkи телесни повpеди и со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“, додека А.С. и Е.Р. се здобиле со телесни повpeди и биле пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This