ДЕТАЛИ ЗА ГРАБЕЖОТ ВО ГОСТИВАР: Македонија како Дивиот Запад – масовно се ограбуваат банки и сефови!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Едно лице вооружено со пиштол, околу 12 часот влегло во експозитурата на Халк Банка во Гостивар и одзело поголема сума пари. Најверојатно, во грабежот му помагало уште најмалку едно лице.

Според првичните наоди на истрагата што ја поведоа во СВР Тетово, маж на средна возраст со качулка на главата и наоружан со пиштол влегол во експозитурата на улица „Гоце Делчев“, во непосредна близина на центарот за култура. Со вперен впиштол кон еден од вработените и со закани по живот одзел околу еден милион денари. Набрзо потоа се оддалечил и влегол во автомобил што го возело друго лице.

Гостиварската полиција врши увид и работи на идентификација на разбојникот и негово пронаоѓање.

Ограбената банка се наоѓа во строгиот центар во градот, спроти Центарот за култура.

За жал ова не е изолиран настан. Пред само два дена на булеварот „Партизански Одреди“ непознати лица со маска и огнено оружеј од филијалата на Шпаркасе банка одзеле 10.000 евра.

Според порталот МКД минатата година во ноември во Скопје се случила низа на грабежи на сефови по македонските банки и во период од 7 дена од македонските банки се ограбени од 2 до 3 милиони евра. Бандата која ги извршила грабежите била составена од Руси, Украинци и Молдавци, а ограбиле сефови на познати бизнисмени во скопските банки.

Од сефовите биле украдени пари и злато, а македонската полиција упорно одбивала да ги потврди овие настани, истакнувајќи дека истрагата е во тек.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This