ДЕТАЛИ ЗА ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ХИПОДРОМ: Еден загинат по екплозија на плинска боца во зграда во Хиподром!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Маж на возраст од околу 70 години е лицето кое попладнево го загуби животот во пожарот кој избувнал во стан во скопски Хиподром, дознава Курир.

pozar-1

Од полицијата информираат дека кај нив е пристигната пријава за пожар во стан во зграда а улицата „Жан Жорес“, а смртта е констатирана од страна на лекар од итната медицинска помош.

Дел од медиумите објавија дека мажот кој се наоѓал во станот се обидел да излезе од истиот, но не успеал навреме да ја отвори вратата, па најверојатно починал како последица на задушување.

Веднаш по избувнувањето на пожарот дошло и до експлозија на плинската боца којашто се наоѓала во станот, велат очевидците од околните згради.

Полицијата на местото на несреќата ќе врши увид.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This