ДЕТАЛИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ: Бомбашот пред Кривичниот суд бил лажен – наредил петарди за да личат на експлозив!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Околу 13:30 часот пред Врховниот суд во чии простории се изрекуваше пресудата за Диво Насеље беше уапсено лице кое се нафрли врз полицајците од обезбедувањето, а подоцна беше забележано дека околу стомакот има нешто што сличеше на појас полн со експлозив.

Полицајците бргу го совладаа и утврдија дека станува збор за 57-годишен жител на Арачаиново. Појасот на стомакот навистина бил направен како експлозивен што го користат самоубијци-бомбаши. Но во него немало прачки експлозив, туку големи петарди поврзани со жица, покажала проверката на полицијата, тврдат извори на Телма.

-57-годишниот арачиновец првин се шетал околу Врховниот суд, потоа на снимателите од новинарските екипи им дофрли бегајте оттука. Па тргна кон полицијата. Цело време десната рака ја држеше во џеб и така се втурна кон полицајците. Еден полицаец успеа да му ја извади раката од џеб и во неа тој држеше мобилен телефон. Полицаецот веднаш му го одзеде мобилниот и го фрли во најблиската жардињера. Успешно беше совладан и однесен во полициско комбе. По инцидентот е утврден идентитетот на лажниот бомбаш со петарди во „самоубиствениот“ појас. На лице место беа дојдени и високи полициски функционери, објави Телма.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This