ДЕТАЛИ ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО ШТИП: Сведоштво на натепаниот Ацо Панов – Роби „Телекабел“ и уште неколку лица го испратиле на хирургија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роберт Димитров, сопственикот на Телекабел и 24 Вести, ноќеска во дискотеката „Клик“ во Штип го нападнал и претепал сопственикот на кафичот „Илужан“, Ацо Панов. При тоа, во нападот му се придружиле сите од неговото друштво, вклучувајќи го и борачот Жарко Коцев, кој пред една недела излегол од затвор.

Ацо Панов во моментов е хоспитализиран на Хируршкото одделение во Клиничката болница во Штип. Ова го потврдија од болницата, од каде добивме информација дека по примемот на Панов, кој имал повреди на главата, интервенирал неврохирург и е задржан на понатамошно лекување.

– Пациентот е шиен на главата со триесетина конци, ни потврди доктор Мики Лазаров. Инцидентот го потврдуваат и од полицијата, но засега не даваат детали додека не заврши истрагата во која е вклучено и Основното јавно обвинителство.

– Во моментот од страна на полицијата и надлежен обвинител се сослушуваат учесниците. Со информации од кривично – правниот настан ќе излеземе утре, изјави Гордана Панајотова, портпаролка на СВР Штип.

Повредениот Ацо Панов во телефонски разговор, одвај говорејќи, кажа дека има повреда на главата, на градникот кош, р`бетот, лицетото и рацете. Ни објасни како дошло до инцидентот.

– Седев со друштвото во дискотеката „Клик“, кога одеднаш Роберт Димитров без никаква причина ме нападна, земајќи го шишето од масата и ударајќи ме по главата. Оттука му се приклучија од неговото друштво, коишто беа со него, поранешниот затвореник Жарко Коцев, неговото обезбедување и некои негови другари, кои беа таму со него. Ме нападнаа и фрла со чаши, со шишиња, со се’ што имаше по масата, изјави Панов.

Прашан за мотивитите за нападот, Панов претпоставува дека е нетрпеливост, по инцидентот што пред еден месец го имал со момчето на внуката на Роберт Димитров. Расправијата во кафичот на Панов, продолжила на улица, кога дошло и до физичка пресметка. На случајот работеа од полицијата и Обинителството.

По овој случај, како што дознаваме, Димитров му се заканувал на Панов по телефон. Ова на Роберт Димитров не му е прв случај на крвава тешчка. Во 2012 година го претепа синот на поранешниот сосптвеник на „Брилијант“ Мите Николов, Мишко и еден негов другар, кои завршија со тешки повреди по главата и лицето. Во септември 2014 година Роберт Димитров замина во затвор, каде помина шест месеци.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This