ДЕТАЛИ ЗА ЛАДНОКРВНОТО УБИСТВО: Убиецот го испразнил пиштолот во Тоше Коцев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Убиството на четириесет и три годишниот Тоше Коцев се случило денеска пред неговата куѓа на улицата Васил Ѓоргов бр. 47 во Велес, објави порталот Дума.мк.

kojnik

 

Таму околу 14 часот и 15 минути дошол триесет и едногодишниот маж, исто така велешанец, кој со огнострелно оружје пукал во Коцев и му нанел пет до шест рани во пределот на стомакот и нозете. По случката Тоше бил пренесен во болницата во Велес но им подлегнал на повредите пред да започне оперативниот зафат од страна на лекарите на хирушкото одделение.

– Повредениот маж во болницата е донесен со видливо крварење од неколку прострелни рани во телото. Тој бил во општа тешка здравствена состојба предизвикана од огнострелно орудие. Внесен е во операциона сала но, за жал уште пред да започне лекарската интервенција тој починал. Телото на починатиот е во болницава. Тука се полициските екипи. Го чекаме Јавниот обвинител и неговите понатамошни инструкции, рече д-р Ванчо Граматов, специјалист по хирушки болести.

Според првичните информации, велешанецот кој пукал во Коцев останал на местото на случката. Таму го затекнала полицијата  како и оружјето од кое било пукано во Коцев. Потоа тој бил однесен во полициска станица во Велес.

Се чека да заврши увидот, за да се открие идентитетот на осомничениот за убиството на Коцев. Граѓани кои живеат под плоштад Којник, на улицата Васил Ѓоргов го кажаа името и презимето на лицето кое пукало во убиениот Коцев. Станува збор за 31 годишен велешанец кој живее во месноста Мегдан, објави Дума.мк.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This