ДЕТАЛИ ЗА НАПАДОТ НА АВТОБУСОТ: Со „Порше“ му го блокирале патот на автобусот со број „16“ и се заканувале со пиштоли

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двајца мажи вчера околу 13:40 часот на улица „11-ти Октомври“ со автомобил „Порше“ блокирале автобус на ЈСП број 16 кој се движел во правец кон „Зелен пазар“.

Од полицијата информираат дека во еден момент од автомобилот излегле две машки лица, од кои едното со пиштол и тие се обиделе насилно да влезат во автобусот.

-По пријавување на настанот, полициски екипи се упатиле на терен при што го забележале возилото од кое возачот го фрлил пиштолот. По кратко време приведено е едно лице С.З.(38) од село Морани, кое при приведувањето физички ги нападнало полициските службеници. Пронајден е и пиштолот, информираат од МВР.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на другото лице. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This