(Видео)ДЕТАЛИ ЗА ПРЕСТРЕЛКАТА ВО КИЧЕВО: Пукано во независен кандидат за советник, и три лица од неговиот изборен штаб!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва во Кичево, вооружен инцидент. Tри лица се повредени во центарот на градот кога врз нив од огнено оружје пукало едно лице. Од МВР информираат дека лицето Абдула А. околу 18 часот и 45 минути на булеварот „Ослободување“ ги пресретнало и пукало во независниот кандидат за советник Алит Абази и во неговиот шеф на изборниот штаб Дестан Абдиу, пренесува Алсат-М телевизија

Било пукано и врз лицето Ш.Д. Дестан Абдиу има повреди на бутот на десната нога, Алит Абази е погоден во слабината, а Ш.Д. во десната потколеница. Абдиу и Абази поради сериозноста на повредите со возила на брза помош се упатени кон скопските клиники, а Ш.Д. е пренесен во кичевската болница. Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот Абдула А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка.

 

Кандидат за градоначалник од коалицијата на СДС и ДУИ во Кичево е екс-теористот Фатмир Дехари.
Дехари инаку е член на терористичката АНА, кој во текот на 2001-та земал активно учество во терористичките активности против Македонските безбедносни сили. Денес, Дехари ја има полната поддршка од СДС за своето градоначалничко место во Кичево, инаку општина која по територијалната подебла во 2004-та година спроведена од тогашниот премиер Бучковски и Шеќеринска вештачки доби мнозинско албанско население.

Дехари во 2013-та година пред дијаспората во Чикаго, САД зборува за тоа како кога некој ќе тргне од Тирана, па преку Струга, Кичево, Тетово, Гостивар, скопски Чаир па се до Куманово ќе биде пречекан од градоначалник Албанец, а тоа, како што вели Дехири е сонот на секој Албанец, тоа е една Албанија.

Зоран Заев на претстојните избори се обидува да ги мобилизира екс-терористите и криминалците со цел нарушување на изборниот процес, преку додворување на лица како Бајруш Сејдиу и Агим Красниќи кои ги ослободи од затвор.

Красниќи во своевремено се закануваше дека ќе го бомбардира Скопје со минофрлачи од своето родно Кондово.

За Кичево, веќе се најавени контингенти на иселеници албанци кои ќе дојдат на денот на изборите да гласаат за Дехари.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This