March 29, 2024, 12:55 pm

ДЕТАЛИ ЗА ПУКАЊЕТО: Полицаецот крвнички го тепал детето па пукал во него!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Роднина на застреланиот малолетник од Струмица за ТВНОВА ја раскажа нивната страна на случувањето и вели дека децата воопшто не краделе, туку биле на риболов. Тој сакаше да остане анонимен, но во детали ни раскажа што се случувале тој ден кога двајца малолетници беа застрелани од страна на полициски службеник.

– Вистината е сосема поинаква. Не се работи за кражба, децата биле на риболов на Мантово. Таму нашле превртен чамец на брегот, кој бил направен од буриња решиле да го превртат и да одат да пловат со него по водата, но кога го превртеле забележале дека е пукнат и повторно се обиделе да го вратат на место. Во меѓувреме, од првиот момент кога се доближиле до чамецот ги забележал некој овчар, кој го повикал сопственикот на чамецот, по што тој пристигнал и бил бесен. Децата се исплашиле и почнале да бегаат со џипот со кој отишле таму – раскажува роднината на потешко повреденото момче.

Тој вели дека откако пристигнал сопственикот на чамецот почнал на ги брка со голема брзина на неговот возило, а во исто време ги пресретнува полицијата.

– Детето кое што е повредено од огнено оружје е малолетник и нема положено возачка дозвола, затоа и бил дополнително исплашен. Не застанел, туку возеле во паника, но кога веќе немале каде да бегаат и застанале, полицаецот ја отворил вратата од џипот и почнал да го тепа со боксови во пределот на стомакот и главата. Детето преплашено се обраќало со зборовите: „Не ме тепај бато, ништо не направив, извини бато“. Во тој момент наместо да престане да го тепа, полицаецот испукува и куршум и го повредува во пределот на градите, поточно белиот дроб, куршумот излегува од другата страна и го повредува и совозачот, кој исто така е малолетник на возраст од 16 години – вели роднината.

Од МВР пак соопштија дека полицискиот службеник неосновано, неоправдано и неправилно употребил средство за присилба – огнено оружје врз лицата Д.Т. и А.Г., односно постапил спротивно на одредбите од Законот за полиција, утврдил Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

За овој настан од 11 август надлежен јавен обвинител од струмичкото Јавно обвинителство донел наредба за спроведување истражна постапка против полицискиот службеник.

Полицискиот службеник којшто го запрел возилото испукал два куршуми во воздух како предупредување, а во исто време на местото на настанот пристигнало и друго возило на МВР од кое излегле двајца полициски службеници и се упатиле кон Опел фронтерата за да ги приведат момчињата.

При обидот да се приведат, полицискиот службеник употребил огнено оружје при што биле повредени Т.Д. и А.Ѓ. коишто веднаш биле пренесени во Медицински центар-Струмица, каде што од страна на лекар се констатирани повреди од огнено оружје.

Едното малолетно лице со посериозни повреди и прострелна рана во градниот кош веднаш било префрлено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување во Скопје, додека над вториот малолетник е извршен оперативен зафат во болницата во Струмица и тој се наоѓа во добра општа состојба.

20 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This