March 28, 2024, 10:58 pm

ДЕТАЛИ ЗА СВАДБАТА НА АРКАН И ЦЕЦА: Телохранителот на Аркан открива детали за инцидент на свадбата со Цеца

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милош Петковиќ, попознат како Дафин, поранешен наредник на Српската доброволна гарда и еден од телохранителите на Жељко Ражнатовиќ Аркан одлучи да изнесе детали за кои малкумина ги знаеја.

Во интервју за Балкан инфо, Петковиќ открива како било во кампот на гардат5а, во какви односи бил со Легија, каков бил тој инцидент што се случил на свадбата на Аркан и Цеца.

„Легија ме малтретираше. Ќе земам девојка, ќе ја седнам на мотор и ќе избегам, а потоа Легија ќе ме брка по цела Кладуша. Се криев кај Умпрофорците…Еднаш удрив во нив, па Легија ми забрани да возам мотор.

Инаку да се знае, не земаа сите во гардата плата. Порблем е што Легија делеше плата, а за да ја примиш мораш да застанеш пред него и да му рапортираш. Имаше некои кои доаѓаа, тој ќе ги праша нешто, тие ќе се збунат и ќе ги избрка.Имаше очи кои урочуваат. На сите ни велеше да не го гледаме во очи, туку во парите кои ги држи во рака.

Легија сметаше дека ако некој има страв од него да подигне плата, што ќе биде утре со таквите во борбена акција. Многумина не ручаа, бидејќи се плашеа од Легија. Тој имаше само обичај да стои таму каде што минуваш да земеш храна. Застанува и те гледа со оние очи, намрштен. И многумина поради тоа не ни влегуваа во кујна и така остануваа без ручек“, раскажува Петковиќ.

Тој еден ден одлучил да избега од гардата.

„Ме бркаа со џип, теренот беше незгоден, некогаш немаше кај да се скриеш. Јас и уште еден член успеавме да фатиме автобус за Нови Сад, но не смеевме после со автобус до Белград, бидејќи предвидував дека Аркан ќе ја блокира автобуската и железничката станица. Од Шид му јавив на Аркан и тој ми рече слободно да дојдам кај него и дека нема никој да ми пречи. Нарача сок ипобара да му раскажам како избегав.

Тогаш ми понуди да работа. Добив работа да го чувам делот каде што Аркан спие. Имаше голема контрола на капијата. Сите криминалци кои доаѓаа мора да го остават оружјето. Моравме да најавиме кој доаѓа за да видиме дали можеме тој некој да го пуштиме или не.

Така еднаш дојде Мира Шкориќ и таа одби да ја претресеме,. Му јавивме на Аркан и тој само ни кажа да ја пуштиме на долната врата. Тогаш ја претресе и ѝ удри шлаканици. Не бев точно покрај нив, но слушнав дека носела некаква дрога“, вели Петковиќ.

За свадбата на Аркан и Цеца

„Тоа село Житораџе немаше струја додека Аркан таму не дојде. Кога беа подготовките за свадбата јас како своја должност ја добив црквата. Таа три дена се поготвуваше пред свадбата. Мене ми се допадна да бидам обезбедување токму пред црквата. За да влезеш мораш да имаш пропусница. И сите тој ден нормално влегоа со пропусници, единствено Минимакс задоцни. Ем задоцни, ем немаше пропусница, Малку се шегував, но на крај го пуштив. Сепак сите знаеја кој беше Минимакс.

Инаку имав и телеграма која ја испрати Драгана Мирковиќ во која соопштуваше дека не може да присуствува на свадбата.

Беше напната целата таа подготовка околу свадбата. Цеца шиеше фустан во Италија па беше проблем да се најдат луѓе кои не се осудувани за да можат да одат со неа во Италија.

Јас бев распореден да стојам на масата каде што седеа Лепа Лукиќ, Жељко Сашиќ, Ана Бекута…

Се случи еден инцидент. Аркан сними еден фотограф кој не беше повикан. И тоаш го зема телефонот и почна да вика. Така обезбедувањето му пријде на фотографот и му го одзема фотоапаратот. Но, остана енигма како дошол неповикан“ раскажуваше телохранителот на Аркан.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This